Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

500 ГОДИНИ ОД ГЕРМАНСКИОТ ЗАКОН ЗА ЧИСТОТА НА ПИВОТО

Пред 505 години, односно на 23ти Април 1516 година војводата од Баварија Вилхелм IV, прогласи нов пакет на закони кои го носеа насловот Reinheitsgebot (кој значи Рајна-височина-брод) со кој се регулира чистотата на состојките дозволени во пивото во рамките на кралството Баварија (Германија).

 

ИСТОРИСКАТА ПОЗАДИНА НА ЗАКОНОТ

Во Средниот век квалитетот на водата беше многу слаб и небезбеден за човечкото конзумирање. Вообичаено беше да се пијат преработени пијалоци како вино, але или пиво. Во Средниот век производството на пиво беше на примитивно ниво, но од 15тиот век станува многу профитабилна индустрија. Производството на пиво беше толку големо така што доведе до недостаток на основните суровини (јачмен, пченица, рж) кои беа потребни и за производство на леб. И пиварите често пати за да остварат поголем профит ги лажеа конзументите, но и даночниците, измамувајќи ги со поефтини состојки со цел да ги постигнат своите финансиски цели. Како резултат на тоа пивото често пати имаше слаб вкус. Во земја која што го сака пивото, очајно беше потребата да се донесе овој закон за чистота на пивото. Закон кој имаше за цел да ги заштити конзументите од високите цени, да се забрани употребата на пченицата во пивото за да може да се прави повеќе леб, и да се запрат големите пивари кои додаваа и други сомнителни состојки во пивото како конзерванси и дополнителни ароми.

Накратко Законот Reinheitsgebot вели дека во пивото може да се користат само чисти есенцијални состојки како: вода, јачмен и хмељ. Квасецот во 1516 година сеуште не беше откриен, се до 1857 година кога го разви Луј Пастер.

Казнената одредба за правење на нечсито пиво беше утврдена и во овој закон; на еден пивар кој што користел други состојки би можеле да му се одземат бурињата без компензација.

Постепено овој Закон со сите други пропратни правила за производство на пиво почна да се применува во цела Германија од 1906 година кој и денес е сеуште активен во одредени средини и се смета за најстариот закон за заштита на потрошувачите.производството на пченичното пиво во Баварија стана лимитирано со векови, но денес повторно е дозволено неговото производство.

Пивата кои што се произведуваат според Reinheitsgebot во Европската Унија имаат специјален статус како заштитена традиционална храна. Но, сепак Европското законодавство го означи овој закон како протекционистички и Германија мораше даги прифати и пивата кои што не се во согласност со овој Закон а се произведуваат на други места.

Германија годишно извезува 1,5 милијарди литри пиво, а земјата е прилично горда на своето пиво и законот на чистота. Но, не се сите германски пиварници се задоволни со овие ограничувања. Повеќето безглутенски пијалоци содржат пченка или ориз, наместо јачмен и пченица. и не се прифатливи според овој Закон. Но, неодамна се промовираше и првото безглутенско пиво кое што е направено според овој Закон, кое што беше направено со Австралиски јачмен кој содржеше ниско ниво на глутен, но пивото е достапно само во Германија.