Skip to content Skip to footer

10 РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ПИВОТО DUVEL

Duvel е истоименото пиво кое што го произведува Duvel Moortgat,и е есенцијално Белгиско силно златно жолго але пиво. Можеби и затоа на етикетата на пивото и стои називот „специјално пиво“. Пиварата е лоцирана во градот Пуурс, Белгија а во своја сопственост има и неколку други брендови. Еве неколку работи кои што треба да ги знаете за овој пивски специјален бренд.

DUVEL е фамилијарен бренд

Duvel Moortgat, односно Brouwerij Moortgat, е во сопственост на четвртата генерација пивари основана во 1871 година од Жан Леонард Муртгат. Денес овој пивски бренд се продава во повеќе од 60 земји во светот, а подолго време е застапено и во Македонија од официјалниот увозник Стандард Спиритс од Скопје. Во 1999 година Duvel Moortgat  излезе во јавноста со информацијата за откупување на акциите до 2012 г на неколкуи пивари како и во своја сопственост зема и неколку други брендови како: Brasserie d’Achouffe (2006), Liefmans (2008), и Brouwerij De Koninck (2010) во Белгија и Brewery Ommegang (2005), Boulevard Brewing (2013), и Firestone Walker (2015)  Исто така во сопственост ја има и Чешката пивара Brewery Bernard..

ДЕЛУМНО Е ШКОТСКО 

Во своето ДНА ова специјално Белгиско пиво, делумно има и Шкотски корени. Во 1918 година, после Првата Светска Војна, Алберт Мортгат започна една епска авантура во Обединетото Кралство во потрага по уникатен англиски квасец за пивото. Заврши во една Шкотска пиварница од каде што зеде еден примерок, Квасецот за пивото Дувел и денес ја користи истата култура на квасец.

DUVEL ИМАШЕ И СВОЈА ПОБЕДА

Иако Brouwerij Moortgat, произведуваше пиво повеќе од 50 години, брендот Duvel се појави дури во 1923 година. Првобитно пивото се викаше Victory Ale, и дебитираше во 1918 година, за да го прослави крајот на Првата Светска Војна. Според ззборовите на Duvel, локалниот кондураџија присуствувал на првата дегустација на пивото заедно со други значајни личности, и стакна дека пивото „е вистински ѓавол“. И тука застана. Денес можеби и не делува така скандалозно, но во тоа време тој збор беше доста бунтовен, бидејќи поголемиот дел од регионот беше под влијание на католизицмот (веројатно знаете дека и монасите прозиведуваат свое пиво).

ШШШШШ…„ЃАВОЛОТ“ СПИЕ

Во неговиот производствен погон во Белгија пред зградата со црвени дебели букви стои натписот и пораката: „SSST… HIER RIJPT DEN DUVEL. што во превод значи „Тишина, ѓаволот сега одмара“. Тоа значи дека пивото во тој момент одмара, односно одлежува периодот од 90 дневната ферментација во неговите шишиња.

ДА, ИМАШЕ И ЛИМЕНКА

Во 2018 година реализираа и послаба верзија во црна лименка со тоа што разликата е дека лименката е зароматизирана со дополнителен хмељ

DUVEL Е ВИСТИНСКО ЗЛАТО

Во 2018 година пивото доби Златна медала во својат акатегорија на Brussels Beer Challenge, интернацинален пивски натпревар во кој учествуваа 1522 пива од 48 зем,ји, во категоријата “Pale & Amber Ale: Strong Blonde / Golden Ale” . Во Лондон на World Beer Awards во 2018 година Duvel беше изгласано за најдобро Белгиско пиво, Најдобар светски пивски стил, во категоријата Pale Beer – Belgian Style Strong.

МОЖЕ ДА ГО ПИЕТЕ ПИВОТО DUVEL ВО ТРИ ВЕРЗИИ

Заедно со Duvel  и Duvel Single Fermented, постои и Duvel Tripel Hop кое што е погорчливо и поароматизирано. Како и другите зачинето е со истите хмељови во првата фаза на производство, а во втората фаза се додава и хмељот CITRA.

РАЗБУДЕТЕ СЕ И ПИЈТЕ ГО ПИВОТО ВО ЧАШАТА ВО ФОРМА НА ЛАЛЕ

Во 1960 г пивскиот бренд Duvel ја разви и својата позната чаша во форма на лале со широко грло. Создадена е така да во нејзе го собере целото пиво од 330 мл, и дополнителен простор за пената, за да се почувствуваат хербалните ароми. Од 2010 година, се здружи со локалните уметници и графички дизајнери за да формира серија на уметничко дизајнирани брендирани чаши.

  ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Својата посветеност кон животната средина Дувел ја демонстрира преку преку неколку настани. на пример секоја недела пиварницата прочистува 7500 кубни метри вода што е еквивалентно на три олимписки базени. Дополнително на покривите стојат соларни панели, колку две фудбалски игралишта,. за производство на еколошка електрична енергија од која дел се користи за напојување на електричните машини

И ДОБИТОКОТ ГО САКА ПИВОТО ДУВЕЛ

Остатокот од житарките го донираат на локалните сточари. со што се подобрува варењето на кравите за да се добие сјајно месо.

КОНТИНУИРАНО ПИВОТО ДУВЕЛ ГО ИМА И НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Од 2006 година пивото DUVEL го има и на Македонскиот пазар. Најнапред во специјализираната продавница за пиво Пивотеката, а од 2016 година компанијата Стандард Спиритс се официјални увозници на пивото DUVEL за Македонија. Пивото може да го набавите во специјализираната продавница за пиво Пивотеката, и во Алкотека по цена од 150 ден.

М.К.