
Пивото ELIXIR e доста комплексно и „екстремно“ пиво со голема ароматичност. Содржи 10 % алкохол и речиси како да нема во него хмељ. на овој начин се постигнува микс на горчината и сувоста, со што се постигнува баланс од блажината на сладот со што пивото добива на структура. ELIXIR всушност е пиво за оние кои не пијат пиво. пиво за љубителите на вино, речиси и како вино, но пиво кое што не е препорачано за оние кои пијат пиво (количински). Совршено се вклопува со јагнешко месо или сино сирење, а од музика се препорачива со некое убаво танго на пример Astor Piazzola. ELIXIR е резултат на чиста пасија и страст
ELIXIR е средно газирано пиво со силно тело, и со своја уникатност. Направено е од квасци кои се користат за Шкотско виски од Ислај, област која што е заштитена со закон, има прекрасна килибарна боја и стабилна густа пена. Аромите варираат од првата до последната голтка. Суво и доста слатко, нуди сензуални овошни ароми како белгиските пива и карамела, мала горчина содржина на алкохол која што предупредува да се конзумира умерено и со уживање. Затворено е со винска плутена тапа и за тоа ви треба вински отварач за разлика од другите пива кои се флаширани во 750 мл.
Идеално за вечерните часови за добар и мирен сон. Вистинска еротика и нови визии во технологијата на произвоство на пиво

Крафт пиварството, занаетчиското пиварство или домашното пиварство има своја долга историја и традиција и во нашата држава. Во 90тите години од минатиот век, градот Прилеп беше горд на своето „Семејно МАКЕДОНСКО Пиво“ првото крафт пиво во Македонија, продукт на семејната компанија „Андикома“, пред точно 20 години, во производство на Димитрија Стојаноски од Прилеп сопственик на првата мини пиварница во Македонија.