Неодамна од нашите пријатели од Бугарија дознавме дека се подготвува првото издание на BALKAN BEER BASH во Софија, што е и прв посериозен настан или дводневен фестивал на крафт пива со тенденција да биде еден од најсилните во регионот.
Со смели и храбри чекори организаторите го најавуваат најголемиот фестивал на занаетчиско пиво на Балканскиот полуостров кој ќе се одржи на На 24 и 25 април 2020 година во Софија.
Се очекува лично присуство на најдобрите крафт пиварници во светот со најинтересните пива кои што до тогаш ги имаат направено.
Од досега пријавените учесници ги издвојуваме Американската пивара од Њујорк EVIL TWIN, Канаѓаните со Collective Arts Brewing, естонците Põhjala, данците со To Øl, швеѓаните со Brewski, русите со AF Brew, србите со Dogma Brewery, норвежаните со две пивари LERVIG и Amundsen Brewery и шпанците La Pirata Brewing,
Оргаизаторите ветуваат вкупно 35 крафт пиварници, Секојден ќе има по 75 различни пива кои што нема да се повторат следниот ден. Особено се заинтересираа и бугарските пивари кои специјално за овој настан прават посебни серијали.
Билетите во препродажба може да се купат во добропознатите места во Софија: баровите 100beers, KANAAL и Vitamin B. Билетите се со разумна цена споредено со слични фестивали во Европа. Значи цената е 50 лева за еден ден односно 25 евра, 90/45 за дводневно, 120/60 Beer Geek билети кои даваат право на приоритетно влегување, и соодветно на тоа предност над најбараните пивари и пива.
Настанот ќе се одржи на главната автобуска станица во Софија,
Билетите се продаваат на Интернет на следниот линк
Со секој билет добивате брендирана фестивалска чаша, за влез на настанот Секој ден ќе има 35 пивари со по две различни точени пива, вкупно 70 пива на ден/
Пивари кои досега го потврдија своето учество:
Amundsen Brewery (Norway)
Bakunin (Russia)
Brewski (Sweden)
Collective Arts Brewing (Canada)
Dogma Brewery (Serbia)
Evil Twin Brewing (NY, USA)
Freigeist Bierkultur (Germany)
Hop Hooligans (Romania)
La Pirata Brewing (Catalonia)
LERVIG (Norway)
Põhjala Brewery (Estonia)
To Øl (Denmark)