Шенкерла е историска пивара и таверна од Бамберг, која што е позната по нивното уникатно димено пиво Aecht Schlenkerla Rauchbier. Пиварата оперативна е уште од 1405 година кога работела во пабот Zum Blauen Löwen („Кај Синиот Лав“) а денешниот паб Шенкерла се наоѓа во зградата со Готска архитектура Dominikanerklause.
Бамберг со својата средновековна архитектура и денес плени со својата полна убавина, поштедена дури и од бомбардирањата од Втората Светска Војна. Од 1993 година градското јадро се наоѓа на пописот на заштитени културни наследства под УНЕСКО, а пространството е поврзано со многу мостови кои се протегаат под должината на каналот Рајна-Мајна-Дунав.
Schlenkerla е всушност марка на пиварата Heller (името на некогашниот сопственик кој на пивото му ја дадоа популарноста), а се работи за едно од ретките фамозни познати и многу ценети димени пива, и тоа е најстарата пиварница од Бамберг која што функционира од 1405 година. тогаш под името Haus zum blauen Löwen.Сегашни сопственици се 6тата генерација на семејството Трум, кои не сакаа да се откажат од традицијата и сеуште го чуваат угледот и го оправдуваат место со понатамошното производство на пивото .
Една од причините поради која Бамберг се смета и за пивска метропола е и фабриката за слад и производство на пивска опрема Weyermann. а и многубројните мали пивари кои варат крафт пиво достапно само во нивниот уреден дуќан Bierothek. Од деветте пивари кои што ги има во Бамберг само неколкумина произведуваат димено пиво.
Rauchbier е всушност димено пиво, направено од слад кој што е сушен на отворен пламен од букови пиловини, и е светски раритет, и редовно се вари само овде, во пиварата и таверната Heller (Aecht Schlenkerla). Тоа се вообичаени видови на пиво како пченично или зимско бок пиво, Сладот за пивото на овој начин се произведува уште од 17тиот век.
А според легендата се случил сосема случајно (како што е и приказната за потеклото на пивото). Монасите кои што го вареле пивото, сладот сосема случајно им се надимил. Иако мислеле дека смесата е неупотреблива за понатамошното производство, тие сепак на крајот направиле пиво. Се што понатаму се случува е дел од историјата на пивото Шенкерла.
Schlenkerla долго време бил волшебен збор и многумина не го знаеле неговото потекло. Неговите корени лежат во Францускиот јазик, во кои зборот „schlenkern“ означува „криво одење“ како кога си пијан, Наводно, еден од поранешните мајстори на пивото практикувал смешен начин на одење кое се смета дека било или поради некоја нереќа или поради пивото. па така тој бил наречен „Schlenkerla“. а крајот -la е типичен за Францускиот дијалект. По некое време, жителите на Бамберг, исто така, ја нарекоа и кафеаната Schlenkerla, и денес шестата генерација на пивари сега го прават истото пиво, а името остана. Дури и во телефонскиот именик и на интернет можете да ја најдете пиварницата под името Schlenkerla. Денес е место во кое што ќе го најдете уникатното пиво на светот Smokebeer.
Станува збор за темно ароматично пиво, со горна ферментација со алкохол од 5,1% Димениот вкус се добива со изложување на сладот на запалени букови трупови во дабови буриња кои се наоѓаат во подрумите на таверната. По мешањето со хмељот од премим класа, одлежува односно созрева во визбата далеку во ридовите над Бамберг.
Искусните пивски сомерлиери велат дека втората кригла е секогаш подобра од првата, а третата е секогаш подобра од втората. Го пијат во утрински ритуал и во попладневните часови. се пие во текот на вечерта, а може да го пиеш и сам или со некое посебно друштво. Тоа е Шенкерла.
ШТО ГО ПРАВИ ПИВОТО ТОЛКУ ПОСЕБНО?
Schlenkerla е истовремено пивара и производител на слад. – ова е стандардна процедура за за производителите на крафт пиво пред да стапи индустриската револуција уште пред 200 години. Денес само неколку пиварници сами произведуваат свој слад
техниката на производство на слад е од историска важност – нивниот слад е изложен на директен отворен пламен, топлиот воздух го суши и му ја дава аромата истовремено. До откривањето на современите методи за производство на слад од 18тио твек, кои работат на нафта, јаглен и гас нивната метода беше стандардна.
Schlenkerla Rauchbie е едно од последните традиционално направени димени пива, за разлика од нив останатите занаетчиски пивари прават слични пива но со индустриски начин на производство на ваков слад, и како резултат на тоа, од 2017 година останаа само две пивари во светот од кои и двете се во Бамберг кои произведуваат на ваков начин слад и пиво и токму поради тоа Slow Food® мрежата го ставија во нивната “Ark of Taste”. како заштитена традиционална категорија.
Пивото ексклузивно може да го најдете во специјализираната продавница за пиво Пивотеката на порталот Сакам пиво.мк