Description
За вистинските љубители на премиум пиво
Староградско, првото непастеризирано пиво во Македонија е премиум светло пиво, произведено по традиционален германски рецепт, со уникатна боја на зрело жито и бујна и цврста пена.
Во својот состав, Староградско содржи исклучиво јачменов слад и хмељ, без додаток на други житарки, што е уште една потврда за премиум квалитетот на ова пиво, заедно со користењето на чиста изворска Горска вода, како една од главните состојки. Староградско се произведува со најсовремена микробиолошка мембранска филтрација со што пивото го задржува својот оригинален вкус и свежина и е непастеризирано. Староградско Светло содржи 4,5% алкохол и може да се најде во стаклено пакување од 0,33 л, неповратна амбалажа.
Лесно за пиење, вкусно и премиум, Староградско е наменето за вистинските љубители на пиво.
Reviews
There are no reviews yet.