Skip to content Skip to footer

BEVOG BA SERIES Isabella Grape Ale

1.250 ден

Barrel aged Isabella grape ale / 6.7% alc. / 0.75L

На залиха

Категории , , , , Product ID: 11848

Опис

ОПИС НА ПРОДУКТОТ
Регионален стил на грозје, но и релативно нов стил на пиво кој првобитно се произведувал во Јужен Тирол и во Италија. Бидејќи југоисточна Штаерска како област е позната и како винска земја така се создаде и ова “хибридно“пиво. Пивото изненадува со својата сложеност и свежина. Вкусот е под влијание на сортата на грозје која што се користи.

Barrel aged : Во Бевог варењето на пивото е секогаш од октомври до крајот на февруари. После варењето пивата се ставаат во бурињата за да созреат . Дивите квасци од околината си го прават своето, живеат во визбата и ја збогатуваат со живот.

Суровини: Во овој вид на Ламбичко пиво основата е секогаш грозјето и во зависност од рецептот секогаш се додава или во ферментацијата или во текот на зреењето. Brettanomyces bruxellensis е див квасец кој во комбинација со дивите квасци од грозјето му даваат на пивото фантастична сложеност. Ферментира со свеж биодинамичен сок од грозје Изабела од 2020, 2021 и 2022 година. Во летото 2023 година, пивото беше стручно измешано, а потоа дополнително созреано во шишето, одморајќи се до неговото пуштање во доцната есен 2024 година.

Спонтана ферментација