Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ПИВАРСТВО: РЕКЛАМА ЗА ПРВОТО „СЕМЕЈНО МАКЕДОНСКО ПИВО“ ОД ПРИЛЕП 1999 Г.

Крафт пиварството, занаетчиското пиварство или домашното пиварство има своја долга историја и традиција и во нашата држава. Во 90тите години од минатиот век, градот Прилеп беше горд на своето „Семејно МАКЕДОНСКО Пиво“ првото крафт пиво во Македонија, продукт на семејната компанија „Андикома“, пред точно 20 години, во производство на Димитрија Стојаноски од Прилеп сопственик на првата мини пиварница во Македонија.

За жал поради феудалните односи кои и тогаш, а и сега владеат во пивската индустрија, првото нефилтрирано крафт пиво во Македонија се произведуваше релативно краток период. 

 исечок од реклама во весник, благодарение на Prilep Stari Fotografii.

Етикетата беше со зелена боја, Костадин Стојаноски, (синот на Димитрија кој почина во 2013 г) беше кумот на името „Македонско пиво“, кое денес го користи друга пиварница во Македонија.

Се произведуваше пред 20 години, со мал капацитет околу 2000л дневно, и опрема која што беше купена од Унгарија со сите потребни лиценци и сертификати за тоа време.

Произведуваа светло нефилтрирано пиво со 5% алкохол, Суровините ги набавуваа од Прилепската сладара која што тој период сеуште беше активна. 

„Пласманот одеше многу тешко, поради огромните проблеми со кои се соочувавме. Во пивската индустрија важат некои ‘феудални односи’ со кои гигантите не дозволуваат развој на мини пиварството во Македонија. Имаше разни уцени, притисоци кои не дозволија ова Македонско пиво да продолжи да се произведува.“- изјави за Сакам Пиво Костадин Стојаноски.

Марјан КОСТАДИНОВСКИ