Трапистичката пивара Шимеи (Chimay ) повеќе од 50 години од последното пиво лансирано на пазарот, го пушти неодамна новото пиво Chimay 150.
Ова пиво (10% vol.) ја следи истата линија на вкусовите на останатите Шимеи стилови, со тоа што новото има зелена етикета и капаче, и се надоврзува на неговите претходници Chimay Dorée, Chimay red cap (Rouge), Chimay white cap (Triple)и легендарното Chimay Blue cap (Grande Rèserve). Но ова и не е така ново пиво, бидејќи пиварата прв пат го објави во 2012 година по повод 15 годишнината од пиварата и ја лансираа лимитираната серија од Chimay 150 за прв пат (капацитет од само 150,000 шишиња).
Како што велат од маркетинг агенцијата која што ја работи кампањата за пивото Шимаи: „дека станува збор за пиво со необичен вкус, силно и моќно пиво со изобилство на зачини, еукалиптус, минт, зелен лимон, и го класифицираат како Belgian Golden Strong Ale.
Од Први Мај пивото ќе го има во регионот каде што е лоцирана пиварата и опатијата, а подоцна и во 80 земји каде што се извезува пивото Шимаи. Од први Јуни пивото и глобално ќе биде достапно со акцент на ХоРеКа секторот во најважните извозни пазари. Италија, САД, Кина и франција. За почеток ќе биде достапно во стандардната амбалажа од 330 мл а подоцна и вообичаените големи шишиња од 750 мл.