Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЕКСПАНЗИЈА НА МАНАСТИРСКИТЕ ТРАПИСТ ПИВА

Модерно пиво кое што го произведуваат монаси во манастир и приходите одат во доброволни цели. Чекај малку сега! Како тоа?

 

Во денешниот пивски свет каде што имате огромен избор на пивски стилови и едноставно ќе добиете вртоглавица од самиот избор, од сите тие стилови еден се издвојува и отскокнува а тоа се Трапистичките пива кои едноставно мора да ги пробате. Тоа пиво е направено од монах кој што гарантира за неговиот квалитет и чистота. 

ОК, ШТО Е ВСУШНОСТ ТРАПИСТ ПИВО

Замислете една ситуација, имате манастир пред вас, во средината една пивара, и еден монах кој со сета страст прави пиво за вас. Тешко е да се замисли, но да видиме што се крие зад сето тоа. Во Белгија постојат шест манастири, во Холандија два, и по еден во Австрија, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и САД. Од милионските пива кои што се достапни на пазарот, само пивата од овие четиринаесет пивари може да го користат називот „Трапист“. Посебен вид на пиво кој што треба да помине низ одредени процедури.  За да се нарече трапистичко пиво, треба да исполни 3 критериуми. 

  1. пивото мора да се прави зад ѕидовите на Трапистичкиот Манастир и да го произведуваат самите монаси и да биде под нивни надзор целото производство
  2. Сепак манастирскиот живот има предност, пред работите во пиварницата и не треба тоа да е доминантна дејност, односно пиварата е од секундарно значење. Сите деловни пракси треба да бидат во насока за одржување на манастирот и да се грижи за монашкиот начин на живот, одржува висок интегритет во маркетингот и политиките на продажба. 
  3. Намерата на пиварницата не треба да претставува профит. Создадените приходи треба да ги покријат трошоците за животот на монасите и одржување на манастирот. Приходите остварени над овие услови се донираат во доброволни цели.

Само онаа пивара која што се придржува до овие критериуми нивниот производ ќе ја добие заслужената налепница на етикетата на пивото од страна на Интернационалната Трапистичка Асоцијација. International Trappist Association, која што е невладина организација. ИТА беше основана со цел да ги спречи и да ги заштити од комерцијалните компании кои сакаа да го злоупотребат името ТРАПИСТ и да го заштитат како трговска марка. Сфатете го ова и како еден вид на молитва или пивска божја заповед.

Што прават монасите всушност?

ТИПОВИ НА ТРАПИСТ ПИВА

Манастирски пивски куќи постоеле низ цела Европа уште во средниот век. Трапистичката Заедница е водена и инспирирана од Цистеријанската духовност, монашки римокатолички поредок, кој потекнува од Франција. Производството на пиво беше дел од културата од самиот почеток со цел да се грижи за опстојување на заедницата и нивните потреби. За време на Француската Револуција, многу од овие опатии биле уништени и Трапистичките монаси избегаа во Белгија и другите делови од Европа, носејќи ја со нив и традицијата.По завршувањето на револуцијата, неколку пиварници воскреснаа, и ја финансираа реконструкцијата на манастирите. И до денешен ден останува истата пракса. трапистичките пива имаат долга историја, традиција и култура со векови, и секоја голтка од некое вакво пиво е непорценливо богатство за сите ваши сетила. 

Трапистичките пива се пива со горна ферментација и се карактеризираат и со втора ферментација со одлежување во стакленото шише. Нема лименки или пластика,Се служат во гоблет чаши, како оние за коњак. Иако денешните четрнаесет Трапистички пивари се придржуават кон строгите критериуми, нивните рецепти се разликуваат. Пивата се разликуваат по бојата, нијансите, јачината на алкохол, арома, карактер, блажината и вкусот. Секое Трапист пиво произведено од индивидуалната Трапистичка Опатија, има исто така свој уникатен квасец и извор на чиста изворска вода. 

Постојат четири пивски стилови кои што се поврзани со името Трапист пиво Како на пример Enkel/ Single, Dubbel/Double, Tripel/Triple и Quadrupel/Quadruple како стилови на  пиво. Enkel е најслабото пиво, кое што обично го пијат монасите, а Quadrupel  е најсилното пиво кое што содржи и над 9% алкохол. 

Дали знаете дека Quadrupel од Вествлетерн 12 беше повеќе пати номинирано за најдобро пиво во светот? .

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ МАНАСТИРИТЕ И НИВНИТЕ ПИВА

Сите Трапист Пивари, Извор на сликата: http://ithinkaboutbeer.com/

Повеќето од пиварниците не се отворени за јавноста, но пивото дефинитивно ќе може да го пробате во некој од блиските локали. Секоја опатија има посебен дел за гости каде што може да престојувате како на пример во Westmalle и Rochefort во Белгија и Zundert во Холандија, и во Франција.

Кога имате потреба од утеха и мир, и спокој, ако не можете да престојувате како гостин во некои од овие духовни центри, купете некое пиво и ќе ја почувствувате разликата. 

КАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ КУПИ АВТЕНТИЧНО ТРАПИСТ ПИВО?

Од 2005 година во Македонија можеше да се најде Трапист пиво од сите опатии Abbey of Scourmon Chimay, беше едно од оние со најголем стаж на некој начин. Денес дел од овие пива може да се најдат во Скопје во арт кафето Кашмир како Вествлетерн,Westmalle Rochefort;Zundert Chimay La trappe…

но, постојат и манастирски пива кои што не се Трапист. а за тоа во друга прилика

извор на текстови:

www.trappist.be/en/about-ita/;

https://belgibeer.com/en/blog/best-belgian-trappist-beers;

https://en.wikipedia.org/wiki/Trappist_beer