Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

BIRRA BALADIN ПИОНЕРИТЕ НА ЗАНАЕТЧИСКОТО ПИВО ВО ИТАЛИЈА И ПРОЕКТОТ 100% ИТАЛИЈАНСКО ПИВО

Крафт пивото денес немаше да биде на тоа ниво кое што е денес да не беше појавувањето на пиварата Баладин на сцената  уште во 1996 година и благодарение на нејзиниот визионер и основач Тео Мусо. Растот на Италијанското крафт пиво започна благодарение на жителите на Пиедмонт, Тео Мусо и Агостино Ариоли, пионерите на крафт сцената во Италија и основачите на Баладин и Бирифицио Италиано. Концентрацијата на северно – италијанската пивска сцена е насочена кон четири главни градови: Торино, Милано, Болоња и Џенова. Се работи за околу 100 километри обиколка, од Исток кон Запад, и нешто помалку од Север кон Југ, каде што е сместен кремот на Италијанското крафт пиварство.

ТЕО МУСО (ЏИМ МОРИСОН) ЗА ИТАЛИјАНСКАТА СЦЕНА НА ЗАНАЕТЧИСКО ПИВО

Се започна во Пиедмонт и Милано во 1996 година, со неколку луѓе кои започнаа со отварање на пивски барови. Еден од првите беше Тео Мусо од Le Baladin, во малото градче Пиоцо, во Пиедмонт. Го држел пабот 10 години, служејќи различни увозни пива пред да започне со сопствено производство. Во годините после 1996 година, Мусо создаде неколку нови пива и стана правиот италијански пивски амбасадор.

Креаторот и пионерот на занаетчиското пива има изјавено дека првото индустриско пиво го пробал на 15 години и се разболел. Од тогаш почнал да ги пие занаетчиските пива. Ги немаше многу, но доволно, раскажува за себе италјанскиот „милионер“ и визионер.

Во 1986 година ја отвори својот паб од каде што почна да се развива приказната. Во тоа време во Италија многу се продаваа пива од Белгија и Германија. По 10 годишна работа, тој се посветил на овој занает со целото тело и душа и постојано е во некои инвестиции. Пресвртот доаѓа во 2000 година кога неговиот пивски бренд „Баладин“ станува најпродавано пиво во хотелот „Еспериа“, пет години по неговата средба со Оскар Фаринети, основачот на маркетот „Eataly“.

Тео Мусо отвори нова фабрика во најстарата фарма во Италија, на површина од 72000 квадратни метри, со 1700 објекти внатре, три извори на вода, фарма на елени, фабрика за чоколадо. Во арпил 2018 година беше поканет како специјалист на технологии за подготвување на пиво на Универзитетот за  гастрономски науки на организацијата Слоу Фуд, со седиште во Поленцо, каде што има и вистинска микропивара. Неговата цел е до 2020 година да го сведе производството на пиво на 100 % суровини од сопствено производство. Проектот е доставен до програмата на  Европски Хоризонт 2020 и веќе е на вистинскиот пат. Пиварата „Баладин“ сега произведува 100% од сопствени суровини, со 400 хектари јачмен во различни региони и 50 % енергија. Од 2012 година станува првата пивара која е одржлива сама од себе.

Тео Мусо го следи својот пат од 1986 година, кога Карло Пертини во Бра, ја основа организацијата Слоу Фуд, а Тео го отвори првиот паб „Casa baladin“. Искуството го стекнал како млад преку неговите авантуристички патувања во Белгија и на факултетот во Brasserie d’Achouffe каде што ја научил техниката.

Тајната на неговиот успех: „Мора, тоа што го правиш, да го чувстуваш да доаѓа од себе, од внатре и никогаш да не се откажуваш, дури и ако сте сам и пред другите. Дури и покрај тоа сите да ве сметаат за будала“.

Денес Баладин е бренд кој е присутен во целиот свет, а од неодамна и Македонија е дел од тој свет.

ПРОЕКТОТ Baladin OPEN GARDEN

Се започна од пивото „Open“ кое што го реализира во 2008 како отворен рецепт и размена на рецептот со домашните производители на пиво, а подоцна и во специјаизираниет пабови во кои се ширеше културата на Италјанското крафт пиво. Бидејќи Пивото е Земјата! Ова е пораката која што Тео Мусо ја изгради благодарение на неговиот огромен ентузијазам со години со цел пошироката јавност да го разбере значењето на терминот „крафт“ или „занаетчиско“ пиво, кое што е резултат на трансформација и селекција на убави состојки, одгледувани од фармери од локалните полиња. За да денес со гордост го прошири мотото во „Пивото е Земјата и се споделува!“ Ова е основниот концепт на „Отворената градина“ на Баладин. Место каде што може да се сподели и открие поврзаноста на природата, фармерството, живото пиво и многу повеќе. Електричната енергија се произведува преку соларни панели кои се инсталирани на покривот на пиварата, Место каде што со вашето семејство или пријатели може да потрошите време во релаксација, одблиску да ја запознаете филозофијата на Баладин, уживате во нивните пива, фабрика за чоколадо. Концептот „Отворена градина“ има соработка со Унивезритетот на Гастронмски науки во Полензо, каде што на студентите им се дава можност да учествуваат во производството на пиво. Отворен е на 21 јуни 2016 година најдолгиот ден во годината со помош на кампањата Крауфундинг.

ПИВО, ЕНЕРГИЈА, ЗЕМЈА, ИДЕИ

Сите што се сретнале со пивата на Баладин се свесни за концептот дека се пива кои имаат своја филозофија. Постојат четири главни теми на кои се заснова овој патпиво, земја, енергија, идеи.

Пивото за Тео Мусо е страст, интензивна љубов кон вкусот, и форма на изразување/ Преку неговите рецепти тој комуницира со моменти од неговиот приватен живот, од своето битие, и од постојаната потрага по совршена рамнотежа. Па така пивата ISAAC, WAYAN, SORAYA раскажуваат за раѓањето на неговите деца, додека NORA раскажува за љубовта и спомените од зачините откриени за време на неговото патување во Мароко, а и посветени на неговата сопруга која има потекло од тие краишта.

„Бидејќи Пивото е Земја! Оваа порака е силно изразена во пивата на „Баладин“ со години за да стане јасно дека пивото е директен израз на земјата и земјоделството. За Италијанците е природно да се размислува за виното, но поретко е да се направи истата асоцијација кога станува збор за пивото. „Баладин“ одлучи директно да се занимава со производство на најголемиот дел од употребената суровина, толку многу што во јануари 2012 година стана 100 % Земјоделска пиварница.

Енергијата на идеите? Се разбира да! Но, во овој случај станува збор за енергија разбрана како движечка сила, електрична струја и производство на топлина. Но зошто? Затоа што се обидуваат да ја произведуваат директно или да ги користат најчистите форми. Произведуваат електрична енергија и моторна сила преку употреба на соларни панели .

Идеите се основа на успехот на „Баладин“: тие доаѓаат од целиот тим, како и од самиот Тео. Тие се енергија во движење, креативност што треба да се изрази. Соочување, предлагање, тоа е нивниот начин на работа и се однесува на сè: од создавањето на нов рецепт или „облекување“ на шишето со нова етикета; да се отвори некое ново место, или трансформира истото, сето тоа го прават со состаноци во живо или измислување плејлисти на BalaDJ.

ЧАШАТА ТЕКУ

Теку чашата е дизајнирана од Тео Мусо за потребите за дегустација на занаетчиските пива со цел да го подобрат нивниот мирис, со елегантен дизајн кој стана алатка за заживување на и гордост на занаетчиското пиво. ТЕКУ е акроним на творците на чашата ТЕО од Тео Мусо и КУАСКА (Лоренцо ДАБОВЕ, пивски гури и експерт, дегустатор, меѓународен пивски судија и орагнизатор на бројни настани за промоција на сцената на Италјанските занаетчиски пива од кои посебно се издвојува годишната манифестација BIRRA DEL ANNO каде што се избираат најдобрите Италјански занаетчиски пива). Компанијата РАСТАЛ од Италија најголемиот производител на чаши се најде како креативен партнер во оваа приказна

СОРАБОТКАТА СО SLOW FOOD

Oд самиот почеток Баладин е дел и од приказната со Слоу Фуд движењето и помага во проектот 10000 градини за Африка. Фондацијата Слоу Фуд Slow Food Foundation for Biodiversity ONLUS – Terra Madre креира 10000 градини во школите и во селата во Африка  со цел на заедницит ед аим се гарантира свежа, чиста и здрава храна и формира мрежа на водачќи кои се свесни за вредноста на нивната земја и нивната култура, луѓе кои се протагонисти за промената и иднината на овој континент. Баладин партиципираше со 4 такви градини. Африканските зачини се меѓу најчесто употребуваните во неговите пива,  но и безалкохолни пијалоци.

ПРОЕКТОТ 100 % ИТАЛЈАНСКО

Целта на овој проект на кој иницијатор е токму Тео Мусо е да се произведуваат се повеќе и повеќе суровини од Италија за производство на пиво. За таа цел и потреби формиран е брендот те Здружението “Artigianale da filiera Agricola Italiana” односно Конзорциум на Италјанските пивари. Целта е производителите на слад,одгледувачите на јачмен и хмељ, и сите пиварници од полуостровот да се обединат во една марка и една ознака на која што ќе стои називот „”Artigianale da filiera agricola italiana”. Ако до пред некоја година секое трето пиво произведено од Италија користеше суровини кои се увезувани или од Германија или од Франција, Белгија, Чешка, целта е за кратко време да се постигне до целосно производство на локален јачмен за потребите на домашните пиварници. Токму поради таа причина создаден е и овој Конзорциум кои работат на заштина не само на занаетчиското пиво туку и гаранција на потеклото и квалитетот на суровините. Во моментов во Италија има само 60 хектари на кои се одгледува хмељ во регионите Емилија Ромања, Пиемонт, Лацио и Трентино,