Пиварата Van Steenberge се одликува со нејзината независност, прогрес и развој. Таа ја нагласува традиционалната уметност во производството на пиво. прилагодена на тековните технолошки процеси и гарантира за својата сигурност, квалитет и услуга, со огромен респект кон своите вработени, грижата за животната средина кои се клучните фактори за успехот на оваа пивара.
Водата, која што има свој посебен третман, разните варијации на слад, и хмељ од сопствено производство, и други состојки со највисок квалитет се преработуваат во неколку последователни чекори за да се стигне до сладовината односно вортот, слатката првобитна течност од која што потоа се добива пивото.
Ферментацијата се случува во цилиндрично конусни резервоари на температура од 22 до 25 степени, во зависност од видот на квасецот. Топлината од ферментацијата се неутрализира со течност за ладење, што кружи помеѓу внатрешните и надворешните зидови.
Интересно е дека сите пива си имаат свој посебен тип на квасец, кој што на секое пиво му дава уникатен типичен карактер. Траењето на ферментацијата зависи од вариететите на ферментабилните шеќери. После процесот на ферментација повеќето од шеќерите се отстрануваат од центрифуга, ап потоа следува процесот на одлежување односно лагерисување.
Лагерисувањето е процес на одлежување на пивото, кој му го дава целосниот вкус и арома. Процесот на квасецот продолжува да се развива природно на температури од 0 степени целзиусови. После одлежувањето следи процес на филтрирање за да се постигне целосна чиста бистрина на пивото. Празните шишиња темелно се чистат и се дезинфицираат преку машина за чистење и плакење, пред да се полнат, кои поминуваат низ 4 контролни автоматски проверки. Автоматизиран е и процесот на етикетирање и ставање на шишињата во гајбите по должина на линијата.
Посебната сала за полнење на кеговите односно бурињата во разни големини од мали 5 литарски за домашна потреба, до оние поголемите од 25 и 50 литри. Се полнат со огромна брзина откако претходно ќе бидат исчистени и дезинфицирани како од внатре така и од надвор.
Пивата на ВанСтенберг се одликвуаат со карактеристичната секундарна ферметнација која што започнува кога квасецот и шеќерот се додаваат за време на флаширањето. Потоа пивото се остава да созрее 2 недели во топла просторија, од околу 20 степени целзиусови, каде што квасецот си ја завршува својата работа. За секундарната ферментација користат 2 типа на квасци, првиот е активен квасец кој го поставува секундарниот процес на движење активен, а вториот квасец (вински) му го обезбедува на пивото типичниот и богат вкус.
Колку повеќе ќе созрее пивото, толку е посилна неговата арома, и ќе биде поквалитетен неговиот вкус и боја. Откако ќе се додаде винскиот квасец во секундарната ферментација пивото повеќе не се филтрира и квасецот ќе се смири на дното на шишето. Во зависност од тоа како го сипате пивото во чашата – со или без квасец – ќе го одредите неговиот вкус и јасност. Ако го оставите квасецот во шишето, вашето пиво ќе биде јасно и мазно, ако го истурите квасецот во чашата пивото ќе биде матно и ќе има поизразена арома и малку повеќе горчлив вкус.Пивото Гулден Драак во пиварата се произведува од 1986 година. содржи три пати повеќе слад од лагер пивото, е пиво со квасец со горна ферментација, а секундарната ферментација му дава на пивото подолг рок на траење и свежина.Содржи 10,5% алкохол и има богата арома, печен слад и кафе со ноти на чоколадо карамела и изразен алкохол. Слатогорчливата арома е многу долга после вкусувањето на пивото.
Во лимитирна серија ќе уживаме во следните вкусови
Gulden Draak Imperial Stout 12 % алк
Gulden Draak Smoked
Gulden Draak Classic
Gulden Draak bremwaster
Gulden Draak quadrupel 9000