Skip to content Skip to footer

NETFLIX СО ПРИКАЗНАТА ЗА ОКТОБЕРЕФЕСТ 1900

Секоја есен љубителите на пивото од целиот свет го резервираат терминот за да го посетат најстариот пивски фестивал на планетата Минхенскиот Октоберефст. Но, за жал од 2020 г се откажаа сите планови за негово одржување и тоа прв пат после 210 годишната традиција. Но, Нетфликс излезе со алтернативна верзија за да ја задоволи вашата жед за пиво и прикажува еден серијал посветен на историјата на Октоберфест.

Новата пивска драма фикција која што се базира на вистинската приказна за Октоберфест  која што се нарекува Oktoberfest 1900: Beer & Blood, не води низ насилната и темната позадина на овој иконски култен фестивал во Минхен.

Сместена на почетокот на 20тиотвек шестчасовната серија на германски јазик, ја прикажува приказната за лукавиот, но и богат претприемач и реставратор од Нирнбург, Курт Пранк-кој пристигнува во Минхен со опсесивна амбиција: да изгради ултимативна пивара и да го украде шоуто од локалните пивари на претстојниот Октоберфест, со што ќе профитира. Но, кога ќерката на Пранк се вљубува во ривалската пивара -доаѓа до семејна напнатост и ривалство, што доведува до пресврт на настаните, со закана дека ќе ја уништи иднината на двете семејства. Пренк смислува серија злонамерни стратегии и бурни тактики за да го оствари својот сон по секоја цена – дури и ако тоа значи пролевање крв.

Според зборовите на продуцентите Мајкл Совиние, Тил Деренбах и Алексис фон Витгенштајн: „Опседнатоста со моќта на пиварите во Минхен во 1900 година е фасцинантен амбиент за серија. Контрастот помеѓу грубоста, мракот и леснотијата на светски познатиот кварт Швабинг со ексцентрични уметници како Василиј Кандински и Томас Ман е одлична, возбудлива сцена за семејна епопеја од Шекспирова скала “.