Секоја есен љубителите на пивото од целиот свет го резервираат терминот за да го посетат најстариот пивски фестивал на планетата Минхенскиот Октоберефст. Но, за жал од 2020 г се откажаа сите планови за негово одржување и тоа прв пат после 210 годишната традиција. Но, Нетфликс излезе со алтернативна верзија за да ја задоволи вашата жед за пиво и прикажува еден серијал посветен на историјата на Октоберфест.
Новата пивска драма фикција која што се базира на вистинската приказна за Октоберфест која што се нарекува Oktoberfest 1900: Beer & Blood, не води низ насилната и темната позадина на овој иконски култен фестивал во Минхен.
Сместена на почетокот на 20тиотвек шестчасовната серија на германски јазик, ја прикажува приказната за лукавиот, но и богат претприемач и реставратор од Нирнбург, Курт Пранк-кој пристигнува во Минхен со опсесивна амбиција: да изгради ултимативна пивара и да го украде шоуто од локалните пивари на претстојниот Октоберфест, со што ќе профитира. Но, кога ќерката на Пранк се вљубува во ривалската пивара -доаѓа до семејна напнатост и ривалство, што доведува до пресврт на настаните, со закана дека ќе ја уништи иднината на двете семејства. Пренк смислува серија злонамерни стратегии и бурни тактики за да го оствари својот сон по секоја цена – дури и ако тоа значи пролевање крв.
Според зборовите на продуцентите Мајкл Совиние, Тил Деренбах и Алексис фон Витгенштајн: „Опседнатоста со моќта на пиварите во Минхен во 1900 година е фасцинантен амбиент за серија. Контрастот помеѓу грубоста, мракот и леснотијата на светски познатиот кварт Швабинг со ексцентрични уметници како Василиј Кандински и Томас Ман е одлична, возбудлива сцена за семејна епопеја од Шекспирова скала “.