Skip to content Skip to footer

КАДЕ НА ПИВО: СКОПЈЕ „ГЛУВО КУЧЕ“

Соочени со сите овие вонредни околности и рестрикции поради пандемијата од КОВИД, во Скопје веќе неколку месеци постои ново место за љубителите на пивото. „Глуво Куче“ е новото собиралиште за вистинските пивољубители. Располага со најголем избор на пива во моментов во Скопје или околу стотина на број.и нешто на точење. Во секое време на точење ги има најсвежи пивата од најстарата крафт пивара во Македонија пиварата Стар Град од Скопје нивното ИПА, ПОРТЕР, ХОПИ ПИЛСНЕР и Пченичното пиво. Освен пивата од пиварата Темов, ги има и новите пива од Македонската сцена на занаетчиски пива, CRAFT HOUSE од Велес, ФОКС на ПИВОЛАБС од Скопје, и поголем дел од увозните пива кои што ги има во моментов на нашиот пазар.

Располага и со сопствена кујна од каде што може да си го порачате омиленото мезе за конкретното пиво како домашен колбас, пилешки прсти, свинско филе, пица, салати, начос, јагнешко.

Затоа од тимот на Глуво Куче секогаш ви порачуваат: Кој пие пиво, тој брзо спие; кој спие долго, не греши; кој не греши, влегува во Рајот! Така, да пиеме пиво!

Поради вонредните околности со строго почитување на сите правила и мерки работи до 21 часот!

 

Фотографија: Димитар Апостолов

контакт
FACEBOOK страна

078 414 335