Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ITALIAN GRAPE ALE: ПРВИОТ ИТАЛЈАНСКИ ПИВСКИ СТИЛ РОДЕН ОД БРАКОТ НА СЛАДОТ И ГРОЗЈЕТО

Американската програма за сертифицирање на пивски судии (Beer Judge Certification Program BCJP). во својот последен билтен од 2015 година за прв пат го презентира и призна оригинанлниот Италјански пивски стил, и тоа е одлично признание за италјанското движење на занаетчиското пиво, кое во последните 20 години направи голем напредок и во однос на произведените хектолири, квалитетот на пивото но и законската регулатива.

Новиот пивски стил се нарекува Italian Grape Ale или пиво произведено со грозје. 

Овие пива се влезени во категоријата на овошни пива и се опишуваат како освежувачки или малку посложени во зависност од употребеното грозје. На носот ароматичните карактеристики на грозјето треба да бидат евидентни, но не смеат да ги надминат другите ароми, Секако дека содржи и слад, а хмељот варира од средно до минимално. Бојата на овие пива варира во зависност од употребеното грозје, и е помеѓу златно жолта и темно кафеава. Исто така, во однос на вкусовите, користеното грозје може многу да ги промени карактеристиките: сортите од бело грозје даваат вкусови на тропско овошје, додека црвените на црвени плодови, како што се цреша и јагода. Може да се најдат кисели вкусови, но тие не смеат да доминираат како кај Ламбиците. Во случај на одлежување во барел буриња, може да се најдат дрвени ноти. Горчината на хмељот е ниска а карбонацијата е средно висока. Од сладови може да се користи Pils, Pale ale malt, или да се додадат некои специјални видови на слад. Грозјето мора да е во сооднос 40% со другите житни култури. Може да се употреби при вриењето, во примарната ферментација вториот ден, или во секундарна ферментација, Хмељ може да се избере од широката палета, но количината мора да биде ограничена. 

Во Италија една од првите пиварници која што го произведе Италјанскиот Грејп але беше со јачмен од Сардинија беше пиварата Barley | Nicola Perra|  www.barley.it кое што беше варено со грозјето Малвазија. Никола Пера и Исидоро Масија ја започнаа оваа пиварска авантура во 2006 лансирајќи го пивото под име BB10. 

Други производители на овој уникатен пивски стил се  Loverbeer кои го произведуваат пивото „BeerBera“. Ферментира во дабови буриња со сортата грозје Барбера кое што е третото најкористено грозје за црвените вина. (после Санџовезе и Монтепулчиано) и пивото „DuvaBeer“ кое што е уште една приказна која што користи Белгиски квасец која што користи сорта на црвено грозје од регионот Пједмонт,  Пивото „Nebiulin “ прв пат беше направено во 2009 година но на пазарот се појави во 2013 година како бленд на тригодишно одлежано ферментирано пиво во барик со додавање на грозје. Ова е двојна посвета на Белгиското традиционално пиво Гузе (geuze) 

Birrificio Sorrento на Џузепе Шисарио кој првите чекори во пиварството ги направи во неговата гаража. Денес произведува во општината Маса Лубренсе во Наполи од 2014 година. Неговите пива го одразуваат сончевиот полуостров Соренто, со користење на локални состојки, За неговото Италјанско Грејп Але, Џузепе соработува со винаријата Мариса Куомо (Marisa Cuomo) кое од нивното вино Furore Bianco ја користи сортата грозје Флангина не повеќе од 60% (Falanghina) и Бјанколела (Biancolella) 40%. 

На меѓународната сцена експериментирањето помеѓу пивото и виното започнува уште во 1973 година кога започнале првите експерименти во белгиската пиварница Cantillon, кои во 1987 година на нивното Ламбичко пиво додадоа грозје од сортата Мускат.

Последен новитет од италјанската сцена е пиво со маслинки. но за тоа во друга прилика 🙂

Еве една процедура и рецепт за 23 литри произведено пиво во домашни услови од сајтот Ферменто Бира