Легендарниот Хеви Метал бенд Ајрон Мејден влегоа во партнерство со гигантот на крафт сцената пиварата BrewDog за да го реализираат нивното ново 6% ABV India Pale Lager.
Пивото се вика Hellcat и според соопштението за медиумите пивото има пријатна цитрусна арома и не многу агресивно. Пивото ќе биде наменето исклучително за Американскиот пазар, каде што и ќе се произведува.
„Го барав совршениот партнер за новото свежо пиво и да го пласирам на пазарот во САД“ изјави Брус Дикинсон вокалистот и главниот иницијатор на оваа пивска епопеја. „Одамна сум обожавател на BrewDog, не само заради нивните пива, туку и заради нивниот став и стил. Кога го запознав тимот на BrewDog, откривме дека почитта е взаемна и дека можеме заедно да направиме уникатно пиво “.
„Воодушевени сме што соработуваме со светски познатиот бенд како Iron Maiden“, додаде Џејмс Ват, извршен директор и ко-основач на BrewDog. „Iron Maiden, како и BrewDog, го одржуваа својот дух на независност во текот на целата своја кариера. Hellcat е силно хмељено пиво, со златно жолта боја и чист и јасен финиш – епско пиво достојно за оваа наша соработка “.
Во 2013 г Дикинсон соработуваше со семејната пиварницата Робинсон за пивото на Iron Maiden’s Trooper. Како што се наведува во соопштението, продадено е во над 25 милиони пинти ширум светот и е извезено во над 60 земји.
Минатата година BrewDog заедно со метал бендот од САД Lamb of God направија безалкохолно пиво.
Извор ://www.businesswire.com