Кога зборуваме за Белгија, пивото е секогаш на прво место. Можеби е клише за некого, но тоа е веќе факт, како што е и факт дека се најдобрите пива во светот.
Во Источна Европа пивските бањи не се новост. Германија и Чешка со векови назад своите го имаат овој третман на пивски бањи, а од неодамна Брисел може да се пофали со првите две бањи. Работите околу отварањето се одложија поради пандемијата со Ковид – 19, но сега кога беа укинати ограничувањата пивскиот спа центар Bath & Barley ги отвори вратите на 1ви Мај. Се наоѓа веднаш на главниот плоштад Grand Place и е совршена прилика за одлична пауза при посета на градот. Вториот Good Beer Spa сеуште не е отворен, но е закажан за 1ви Јуни и се наоѓа до плоштадот Маду. или во срцето каде што е финансискиот центар на Брисел и целата администрација.
По сите овие информации сигурно се прашувате зошто ми е потребно сето ова, да се бањате со пиво? Пред се во овие пивски СПА центри имате можност и да се напиете по некое пиво, Второ, сето тоа е добро за вашето тело, хмељот и пивото генерално се полни со хранливи материи кои се потребни на нашиот организам. Пред повеќе од 2000 години Египќаните и Римјаните веќе го користеле пивото во својата козметика, и многу ги ценеа неговите релаксирачки и ароматични својства.
Бањите за пиво имаат долга историја и на Балтичките земји, и сега добиваат на популарност насекаде.
Ова е уште една можност да го доживеете Белгиското пиво на извонреден начин.