Skip to content Skip to footer

ДЕГУСТАЦИЈА: LIEFMANS KRIEK BRUT И LIEFMANS GOUDENBAND

Liefmans Brewery е основана во 17-тиот век Жакобус Лифман (Jacobus Liefman) во Оуденард, Белгија. Повеќе од 300 години Лифманс произведува пиво на брегот на реката Шелде. Во 1900 започнаа да соработуваат и да тргуваат со локалните земјоделци, кои што произведуваат цреши, кои потоа беа додавани во садовите за ферментација во пиварницата, за зреење и одлежување. Денес овие цреши се клучна состојка во повеќето пива од нивната скромна палета на ексклузивни производи. Црешите за прв пат во пиварницата беа воведени во 19-тиот век, благодарение на првата жена која што го произведуваше пивото Роза Меркс и која што ја разви технологијата и целиот процес и во текот на 20тиот век.

Покрај екстравагантното пиво од цреша Лифманс беше и првата пиварница која што на пазарот лансира и производ завиткан во хартија

Liefmans Cuvee Brut е доста елегантно пиво кое што е совршен спој со киселоста на црните цреши. Liefmans Cuv̩e-Brut е иновативна технологија во пиварството со мешавина односно бленд кој во секој хектолитар содржи 13 кг овошје.

Liefmans Cuv̩e-Brut е резултат на мешавина односно бленд од две нивни пива Oud Bruin и Goudenband од различни години и може да содржи 15 до 20 различни буриња на одлежано пиво. Пивото одлежува 18 месеци, давајќи го најдоброто од себе на вкус и интензитет. Liefmans Cuv̩e-Brut има длабока темно црвена боја со стабилна пена и чувство на овошните плодови и слаба горчина, бадем. Киселоста на почеток на вкусувањето прераснува во пријатен сладок вкус кој ја достигнува совршената атмосфера. Со својот процент на алкохол од 6% ова овошно пиво е совршено за уживање и пиво за кое треба да се одвои време!

Liefmans Goudenband e едно од најкарактеристичните темни пива во светот. Направено е во отворени садови со мешана ферментација, и се остава да зрее 12 месеци во подрум. Зрелото пиво потоа се освежува со ново младо пиво, така што повторно следува процес на нова ферментација. Liefmans Goudenband е пиво кое што со одлежување го подобрува својот вкус и карактер. Дури и после 10 години ова темно пиво делува свежо како и на самиот почеток. Ароми на карамела, јаболко, ореви, суво грозје, неизбежните цреши, сладот во комбинација со аромите од старите буриња, пиво со нежно кисел вкус совршено за дегустација со некое козјо сирење.

Содржи 8% алкохол.

линк за нарачки Liefmans cuvee Brut 

Liefmans Goudenband

M.K.

 

 

Овој сајт е наменет за лица над 18 години