Skip to content Skip to footer

Fuller’s ПРОСЛАВУВА 176 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

На 16ти Ноември компанијата Fuller’s Brewing Company ја прослави својата 176 годишнина нудејќи им на сите свои клиенти можност не една, не две туку три чаши за симболични 1,76 фунти. Настанот Fuller’s Get Together почна да се оддржува во 2018 година, а секоја година цената за трите чаши ја одразува возраста на компанијата.

Клиентите може да ја добијат оваа чаша доколку ја посетат официјалната на веб страница на компанијата и купат ваучер во вредност од 1,76 фунти и со истиот отидат во било кој паб каде што го има пивото Фулерс и ан денот на прославата да ги конзумираат Fuller’s Frontier Pints, Session IPA, London Pride, ESB, Oliver’s Island, Seafarers, HSB, Dark Star Hop Head и Fuller’s London Pride.

За оние кои не сакаат пиво има други пијалоци, како и сајдер Cornish Orchards точен или од шише, чаша домашно вино, или селектирани безалкохолни пијалоци и топли напитоци.

Покрај тоа секој паб или хотел со кој управува компанијата, го прославува настанот на свој начин со разни забави и музика во живо.

Fuller’s веќе подолго време е застапен во Македонија преку официјалниот преставник Eurolab International и тоа со следните брендови во стакло и лименка: Fuller’s London Pride, Fuller’s London Porter и ESB.

 

 

Овој сајт е наменет за лица над 18 години