Веќе два месеца угостителството во цела Европа целосно е блокирано. Тековно почнаа да се отвараат угостителските објекти во Германија Чешка, а од оваа недела и во нашата земја, во Британија во почетокот на јуни. По тој повод се огласи и Асоцијацијата на Европски пивари BOE (Brewers of Europe) со писмо до Европската комисија.
„Brewers of Europe ја повикува Европската комисија, да размисли за можноста да во склоп на Европскиот план за ублажување на последиците од блокадата предизвикана од епидемијата COVID-19, формира посебна работна група за угостителство и туризам, која би вклучила барови, пабови и локали, стои во писмото кое претседателот на Асоцијацијата Brewers of Europe Pavlos Photiades го упати до претставникот на ЕУ за внатрешна трговија Thierryj Breton, наведува БОЕ во соопштението за јавноста.
Во писмото се предупредува дека и покрај невидените мерки за поддршка третина од пиварите од Европа се затворени поради блокадата на угостителскиот сектор, и дека повеќето угостителски објекти никогаш нема да можат повторно да бидат отворени, и дека голем број пивари ги варат своите последни шаржи.
„Баровите, пабовите и локалите, како и самите пивари, кои се воедно и дестинација на многу посетители се составен дел од економијата и културата на многу европски земји и мора да бидат опфатени со противепидемиската стратегија за угостителство и туризам. “
„Една опција би можело да биде формирање на работна група посебна за угостителство и туризам, која би се занимавала со единствениот предизвик а тоа се институциите “ додаде тој.
Brewers of Europe исто така се плашат дека пиварството и угостителството ќе се најдат на крајот од приоритетите за повторно отварање во рамките на планот за борба против епидемијата, Тие укажуваат и на потребата за координативен пристап за повторното отварање на угостителските објекти, кои ќе се придржуваат до здравствените и сигурносните прописи, вклучувајќи ја и дистанцата.
Покрај тоа клучен фактор е и обновувањето на довербата кон потрошувачите преку нивното искуство на излегување и дружење без загрозување на безбедноста на останатите и задолжителна социјална дистанца и придржување на хигиенските мерки.
Но, за тоа баровите пабовите и локалите треба да се отвоторат што побргу, а ќе треба и поддршка на владата за за економски одржлива егзистенција, за време и после постепеното отварање на угостителските објекти. Оваа поддршка да има форма на неповратни средства или позајмица, но и да се разгледа можноста за намалуавње на ДДВто на продажба на пиво во локалите како и флексибилна пресметка на акциза за малите пивари“.
“Поради стратегиската важност на угостителството за иднината на европскиот пиварски сектор, сакам да ги видам сите можни решенија кои би помогнале да се спречи сезоната да биде изгубена за сите барови. но и пивари, и сето тоа без загрозување на здравјето и сигурноста кои се темелни принципи на било која модерна одржлива пивара.“ заклучува председателот на BOE Pavlos Photiades.