БИТОЛА: САКАМ ПИВО.МК НА „БИРАРИЈА 2 „ ФЕСТИВАЛ НА ЗАНАЕТЧИСКО ПИВО
август 31, 2024
На 5 септември, четврток, Слоу Фуд Битола Ви најавува интересен настан: „Бирарија“, што го нарековме- фестивал на пивото, ама и на урбаниот живот и култура, кој со стартот во 2019, големиот интерес и уште поголемата посетеност, сведочи дека во Битола пивото е апсолутно популарна пијачка.
Затоа закажуваме повторна средба.
Настанот е значаен и полн со симболика, бидејќи првата пиварница во Македонија е отворена токму во Битола, во месноста Буковски лозја, покрај Драгор, и тоа во 1890 година.
Занаетчиските пива глобално имаат долга традиција, но кај нас сеуште се сметаат за новина. Чекорат полека но сигурно и, сè повеќе се пијачка за „од на нога“, за добар муабет, за зближување…
На бираријата ќе се дегустира пивото ама и ќе се откриваат големи енигми: на пример, дали пивското меше е предрасуда или вистина, кој ја има предиспозицијата за пиење, дали е течна храна, и во каква врска е бирата со денот, односно- ноќта?
И на ова се можни логични одговори, особено ако го острите умот со Шекспир и Платон, кои уживале во соковите од хмељ и во раѓањето и заоѓањето на сонцето. Гарант биле пивопијци и мислеле дека умниот човек го измислил истото.
Така е: за се е потребно пивото, и за победи и за порази, и за празници и за делници, ама и за двата пола, сеедно колку години имаат.
На „Бирарија 2024“, на мегдан ќе бидат пиварите од целата земја кои ќе го нагласат уникатниот карактер на пивото, навистина квалитетните состојки и следењето на глобалната револуција против стандардизацијата на храната и пиењето.
Карши нив, ќе бидеме сите ние што ја сакаме бирата.
Се гледаме!
П.С. Порталот и специјализираната продавница за пиво САКАМПИВО.МК како стратегиски партнер на Слоу Фуд Македонија ќе биде дел од овој убав настан и ќе се претстави со дел од својата програма на специјални занаетчиски пива од Белгија, Австрија, Германија кои што ја следат филозофијата и идеологијата на слоу Фуд.
Како дел од програмата за дегустација ќе се дегустира и зборува за следните пива и нивната приказна
1. Lambic пивото „Boon Криек“ кое што е под заштита на Слоу Фуд и УНЕСКО како автентичен пивски стил и гордоста на Брисел и Белгија, Насликано е во делото на Фламанскиот уметник Питер Бругел „Старецот“ од 16-тиот век, и критикувано во 19тиот век од писателот Шарл Бодлер, Ламбичкото пиво можеби е едно од најстарите модерни стилови на пиво. Киселоста и неговиот див вкус се резултат на спонтаната ферметнација, метод во производството каде што пивото е изложено на природно наталожен квасец и бактерии на отворена ферментација.
повеќе за стилот: ЛАМБИЧКО ПИВО – ГОРДОСТА НА БРИСЕЛ
2. Белгиското пиво SILLY Scotch кое што до 50тите г од минатиот век произведувале пиво со сопствен слад и сопствени насади на хмељ и квасец кој што е специфичен за овој шкотски пивски стил е Скоч е единственото вакво пиво произведено во Белгија,
3. GULDEN DRAAK IMPERIAL STOUT 11 % Alc Вистинско пиво за титани Пивото Гулден Драак во пиварата се произведува од 1986 година. содржи три пати повеќе слад од лагер пивото, е пиво со квасец со горна ферментација, а секундарната ферментација му дава на пивото подолг рок на траење и свежина.Содржи 10,5% алкохол и има богата арома, печен слад и кафе со ноти на чоколадо карамела и изразен алкохол. Слатогорчливата арома е многу долга после вкусувањето на пивото.
4. Bevog Barleywine : HAGGER 0221 Австрија сребрена медала на интернационалниот натпревар на пиво European Beer Star
Hagger 0221 е бленд на селектиран barley wine одлежан во буре, со комплексна арома и вкус на сушени овошја, црна и слатка карамела, ванила, кокос, со комплексна техника на производство, и мониторинг на бурињата од кои првото е во бурбон а второто одлежување е во други буриња во кои претходно одлежувал друг алкохол.
5. CAMBA BAVARIA CHIAMSEE WIT ви ја презентираме и новата пиварница од Германија од околината на Минхен која што произведува традиционални и уникатни интернационални пивски стилови. Вит е класична верзија на белгиското пченично пиво.
Од програмата на домашни андергрануд пива односно пива произведени во гаража и од хоби сакампиво.мк ќе настапи со следните пива.
домашно пченично пиво со 50 % несладена пченица
пиво од цреша
црвено пиво
црно пиво со босилок
блонд пиво со босилок
темјаника грејп але односно пиво од грозје од сортата темјаника
Карантинскиот период кој што го живее цел свет и неможноста да го пиеме нашиот омилен социјален пијалок на нашите омилени места, тоест пабовите, не принуди меѓу другото да одвоиме малку повеќе време да гледаме филмови и некои стари или нови тв серии.