Во Австриската индустриска зона Bad Radkersburg Васја Голар целата потребна бирократија за старт на неговата пивара БеВог ја завршил за само неколку недели. Словенскиот претприемач Васја Голар од пивскиот портал ratebeer.com добил награда за сите негови пива. 3 та награда во категоријата на најдобри нови пивари во светот за сите четири пива кои што ги произведува во неговата пивара BeVog.
Она што е интересно за оваа пивара и целата нивна идеја која што Голар почнал да ја развива од 2013 година со целиот ризик и се ставено на една карта, е тоа дека не успеал неговиот проект да го развие во Словенија, туку во соседната држава Австрија. Словенскиот пивар сакал инвестицијата вредна околу милион евра да ја реализира во малото градче Горна Радгона во Словенија, на локацијата на напуштениот дворец. Но, после едногодишната борба со институциите не успеал да ги надмине бирократските пречки околу деловниот простор и почеток на бизнисот, се одлучил за Австрија и индустриската зона Bad Radkersburg каде што целата документација ја средил за неколку дена.
Поради тоа, денес во Словенија сеуште жалат, како што може да се прочита од тамошните медиуми, за тоа дека некое од најпопуларните пива го носат називот Made in Austria, а не Made in Slovenia. Освен тоа БеВог на фестивалот на пивото во Љубљана е награден и како најдобар странски пивар, но и тоа признание сепак отиде во Австрија. Иако главната причина како што наведува Васја е бирократијата, сепак улога игра и пазарот и пониската акциза. Имено, станува збор за производство на специјални, по правило пива со горна ферментација кои во Словенија имаат мала побарувачка. „Словенците беа навикнати на лагер пивата, и овие пива им беа непознати. Поради тоа во оваа земја бевме ориентирани кон поголеите градови и специјалните пивници“, објаснува Васја.
Неговите главни и успешни брендови се светлото пиво ТАК и силното темно пиво ОНД. Тука е уште и посилното пиво од стилот ИПА КРАМАХ, кое што во основата има овошје и пивото БАЈА кое што има овесни снегулки. Пива кои имаат имиња од некои СФ приказни и фантазии.
Пиварата БеВог има капацитет од 120 до 150 илјари литри годишно, и според сите критериуми се смета за микропиварница.
Од БеВог сметаат дека пивото може да понуди многу повеќе од тоа да биде само еден обичен пијалок и затоа се посветени на пива со горна ферментација, кои се базираат на англиската традиција.
Успехот на Васја и неговата пивара може да бидат мотив и инспирација за секој кој сериозно се зафатил да се занимава со пиварството. БеВог е многу ценета пивара помеѓу конкурентските занаетчиски пиварници токму поради нивната скромност и пријателска настроеност. Токму поради тоа за нив Васја го создаде и фестивалот The Who Cares for Beer кој се одржува во самата пивара со учество на други пивари од регионот и од светот.