Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ВИКЕНД ПРЕПОРАКА ЗА КОНЗУМИРАЊЕ: DOUBLE ENGHIEN BLONDE 33 CL (BRASSERIE SILLY)

. Enghien Blonde е регионален стил на пиво со многу зачини и ароми, со слаба киселост и пријатна горчина, избалансирано пиво во кое ниту една од состојките не доминира. Белгиско пиво со овошни ароми на кајсија и слатко јаболко (сето тоа резултат од суровините). Прилично слатко на непцето кое што завршува со пријатен горчлив финиш. Квалитетно селектираниот хмељ и чистиот слад работат заедно за да испорачаат еден хармоничен ритуал. Се препорачува да се конзумира со масна, солена риба, сушена шунка. Прв пат ова пиво се произведувало во градот Енгхиен, во непосредна близина на Сили и било темно пиво. Кога пиварата Де Сили ја купи пиварата Tennstedt – Decroes во која што се произведуваше пивото, го сменија во силно блонд пиво

БОЈА:  Blond beer, Golden Ale
Алкохол: 7.5%
Волумен: 330 мл
Мекост: 3/10
Горчина: 8/10
Се служи помеѓу 5 ° C и 8 ° C
Состојки Water, Malt, Yeast, Kent hops, Hallertau hops.Производител: Brasserie de Silly

КРАТОК ИСТОРИЈАТ НА ПИВАРАТА

Лоцирана е на 30 км од Брисел. Во 19-тиот век, селото Сили беше изгубено помеѓу трите града од провинцијата Хаинаут – Атх, Енгхиен и Суаниер. Малото село го зеде своето име според реката Сили која што минува низ него. На почетокот на 19-тио твек таму беше отворена пиварницата Cense De La Tour, каде што произведуваа свој јачмен и хмељ. Во 1850 г пиварницата беше купена од сегашните сопственици и доби ново име: Brasserie de Silly  Првобитно се основала како фармерска пивара каде што пивото се произведувало за сезонските работници, кои работеле на жетвата на јачменот во текот на летото. Сто години по ред таму се вареше само неколку видови на але пива (со горна ферментација) Grizette, Saison, Scotch. По Втората Светска Војна, се зголемува побарувачката за лагери и пилснери и пиварите од тој регион веднаш ги задоволија желбите на гостите во нивните пабови и почнаа да се произведуваат лагер пива (со метод на долна ферментација) кои „течеа“ како реката. Во 1957 година производството се прошири и во пиварницата Tennstedt Decroes која што се наоѓаше во градот Енгхиен и ја откупија. Со тоа се прошири семејството со двете нови пива Double Enghien светло и темно. во 1975 г за прв пат почна да се произведува и белото односно пченично пиво, Titje за да денес веќе имаат цела линија според традиционалните методи и стари рецепти од семејството на независните пиварници. Во втората деценија од своето работење пиварата почна да го освојува и странскиот пазар со што с  стекна со светска слава.  На Меѓународните натпревари постојано добиваат награди за своите пива во сите категории. Денес Brasserie de Silly е специјализирана со еден голем спектар на Белгиски крафт пива. повеќе од 165 години се обидуваат да се придржуваат до истите техники и методи, но и модернизираат со голема контрола на квалитетот и иновации. Денес со пиварата раковиди шестата генерација по ред. Членки се на интернационалната мрежа на Slow Food и Belgian Family Bewery.

„Сакам Пиво.мк“’ во 2019 г беше во посета во пиварата во рамките на интернационалниот натпревар за пиво Brussells Beer Challenge.

Lionel Van der Haegen Brasserie de Silly