Пиварите ширум светот продолжуваат да ги произведуваат веќе одамна заборавените традиционални пивски стилови, за да денес ги збогатуваат и подобруваат со нови вкусови и иновативни решенија. Белгиското Ламбичко пиво е веќе одамна заштитено со закон и под заштита на УНЕСКО, како и дименото Германско пиво Шленкерла, Трапистичките пива, Норвешкиот квасец КВЕИК, Финското пиво SAHTI. Во овој текст ќе ве запознаеме со Полското традиционално пиво Grodziskie. За прв пат имав прилика да го пробам минатата година во Римини на манифестацијата Birra Del Anno/ Beer and Food Attraction, а неодамна добив и еден примерок за дегустација од мојот пријател од Полска Давид Кулбицки.
Како би го опишале пивото кое што некои се мачат да го изговорат?
Стилот познат како Grodziskie, или неговото алтернативно име Grätzerv (кое што се преведува како „пиво од Grodzisk“ или „пиво од Grätz“) се произведува во Полска во градот Grodzisk повеќе од 500 години. Прусите го преименуваа градот кој што е на половина пат помеѓу Берлин и Варшава во Гроц во XIX век откако Полска беше поделена и поради тоа произведениот стил е именуван како Гроцер / Grätzer. Традиционално се произведува со пченичен слад со векови се произведувале низ Северна Европа од Лувен во Белгија, на Запад до Гродиск, на Исток со Германските градови Берлин и Лајпциг. Она што го прави различно пивото од Гродиск од другите градови е што ја нема киселоста и и беа димени што се произведуваа со 100 % пченичен слад.
До седумнаестиот век, пиварите од Гроџиск, го испраќале пивото околните градови каде што се продавало како премиум пиво споредено со локалните пива. Кога обучените Германски мајстори на занаетот пристигнале во тогаш веќе преименуваниот град Гроц во деветнаесетиот век изградија модерни пиварници, и произдството го доживеа својот врв, достигнувајќи до 100 илјади хектолитри во текот на 1890 г. Подоцна помеѓу двете Светски војни последната преостаната пиварница извезуваше пиво во 37 земји вклучувајќи ја и САД. Продажбата се намали за време на Втората Светска Војна, кога комунистичката влада ја национализира пиварата. Последната пиварница е затворена во 1993 година. 4 години по завршувањето на комунистичкиот режим пиварницата се враќа во приватна сопственост во Полска и е купено од страна на пиварата Lech. Во 2011 г Полското Здружение на домашни пивари формира Комисија за заживување на пивскиот стил кое што денес го произведуваат домашните производители на пиво или во некои мали пиварници. Тие започнаа една програма наречена „Grodziskie Redivivus“ проект за промовирање на домашните пивари и професионалните пиварници за повторно производство на Grodziskie. Собрани се информации и најважната документација потребна за стилот и ги ставија како упатство за користење за другите производители. За жал одредени суровини не беа достапни во тоа време како димениот пченичен слад и Чешкиот хмељ Томски. Не помина многу време откако сладарата Weyermann почна со производство на таков слад, (пушејќи го сладот од црвена пченица со даб), но оригиналниот хмељ кој се користеше кон крајот на 19 и почетокот на 20тиот век сеуште не е достапен.
Во 2015 година повторно се отвори пиварницата под името Browar Grodzisk и започна со комерцијално производство на вистинското пиво Piwo Grodziskie. Со цел да го произведуваат нивното пиво Piwo Grodziskie пиварата Гродзиск им наложи на сладарата Bruntal од Чешка Република да прават димен пченичен слад на традиционален начин, а соработуваат и со Paweł Piłat, одгледувач на хмељ надвор од Лублин да го произведат хмељот Томски за да се произведе историското пиво Grodziskie. Пивото содржи 3,2% алкохол.
Текст: Марјан Костадиновски
благодарност до Давид Кулбицки