Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

RATE BEER ГИ ОБЈАВИЈА РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ПИВА,ПИВАРИ И СЛ ЗА 2020

Каква и да била минатата година, крафт пиварите свариле одлични пива, на радост на вистинските љубители на пивото, а оценувачите ентузијасти што пишуваат на најпознатата светска страница оценување на пивото Rate Beer.

„2020 година беше поинаква, но за некои таа година беше и година на предизвик. Пандемијата од COVID 19 стави многу пречки на членовите нашата заедница. Карантинот и социјалната дистанца целосно ни го променија начинот на живот, и нашиот однос кон пивото, но и односот меѓу самите нас“ напиша соосновачот на Rate Beer Џо Такер во воведот на годинештното прогласување на најдобрите.

Ratebeer традиционално на преминот од Јануари во Фервруари од ден на ден објавува ранг листа во некоја од категориите  – најдобри нови пивари, најдобри пива, најдобро оценети места, најдобри оценувачи, и сето тоа поделено по земји. На ранг листата од земјите се три категории. најдобро оценето пиво, најдобра пивара, и најдобра нова пивара. Во последната категорија не е прогласен никој, иако во коментарите се гледа дека имало добри кандидати за тој наслов, но немаше добволно оценки.

Како и да е интересно е да се погледнат резултатите Не ја барајте Македонија бидејќи сме ние надвор од сите категории 🙂

линк