Skip to content Skip to footer

MICHAEL JACKSON „The new world guide to beer“

1.600 ден

раскошно илустриран водич и есенцијална книга за пивото

In stock

Category: Product ID: 8122

Опис

Вистинска книга за да навлезете малку посериозно во светот на пивото. Детален опис на пивските стилови, и нешто повеќе од тоа, напишана од перото на пивскиот гуру и ловец и многу ценет автор во пивскиот свет Мајкл Џексон. Во оваа книга Џексон ве внесува во светот на пивото во овој раскошно илустриран водич, кои многумина ја сметаат за есенцијална книга за пивото.повеќе од 300 фотографии во боја.

Издавач: Running Press
Јазик: Англиски
256 страници

за авторот: Роден е во Ветерби, Западен Јокршир. Неговиот татко Исак Јаковиц, го „поенглезил“ своето литванско потекло и презиме во Џексон. По завршувањето на новинарската школа во пивските кругови влегол во 1977 година, кога ја објавува книгата „Светски Пивски Водич“. која и ден денес се смета за една од најдобрите книги за пиво. Крајот на деведестите години лансирал сопствена серија на пивски чаши, а го формирал и Клубот на ретки пива. Мајкл Џексон (1942-2007), познат и како „Пивскиот ловец“ (Beer Hunter), во 1991 година ја напишал и книгата „Great Beers of Belgium“. Секако, не треба многу да размислувате за што се зборува во таа книга. Токму таа книга Белгијанците толку ги одушевила да Џексон во 1994 година ја добива наградата „Меркуриус“ која лично му ја врачил принцот Филип, а подоцна  и од самиот народ ја добие титулата „витез“. Подоцна станува дури и првиот не – пивар кој бил вклучен во „Белгиската Пиварска Конфедерација“. Но, овој англичанец од Ветерби, со своето пишување за пивото не ги одушевил само Белгијанците. Неговата ТВ серија „beer hunter” во многу нешта ја промени свеста за тоа што е пивото пред се. Во различните земји кои ги посетувал, а со оглед на тоа дека Џексон по професија бил новинар, јасно е како знаел да ги одбере вистинските зборови за местата каде што ги посетувал, и да го погоди моментот токму таму каде што треба. Без разлика дали се читаат на хартија или од весници. Неговите книги за пиво преведени се на 18 јазици и продавани во 3 милионски тираж. Треба да се истакне и тоа дека бил почесен член и галвен судија на „Beer Judge Certification“ програмата. Еден од најодговорните за усвојувањето на пивските стилови. Исто така Мајкл Џексон не се занимавал само со пиво, Подеднаково добро се разбирал и во виски. Некои ќе кажат дека дури и бил подобар во пишувањето за вискито. За него, пивото било дел од културата, па на таков начин пишувал и за пивото. Не сум сигурен дека денес постои некој кој ги надминал неговите достигнувања. Секако дека постојат и други автори специјализирани на тема пиво, како Роџер Проц на пример и многу други. Човекот почина во 2007 година и тоа не од цироза на белите дробови, како што може да се очекува, туку од сосема друга болест – Паркинсоновата болест. Како и од дијабетисот. Еден месец после неговата смрт приредена е единствената комеморација која ја осмислиле американските пивопијци, во пабовите и пивниците во делови од светот се наздравувало за покојот на душата на пивскиот гуру. Всушност и не е случајно зошто токму американците ја покренаа оваа иницијатива. Имено во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, токму тој ја покренал иницијативата за таканаречената пивска револуција – силно движење за формирање на мали, независни, семејни и ресторански пивари. Пионер на тоа движење кое го поттикнал Џексон бил Фриц Мајтаг, основачот на пиварата Анчор од Сан Франциско.