Драги пријатели љубители на пиво и останати хедонисти на убавото живеење и однесување. Ве известуваме дека повторно го враќаме на сцена Пивскиот Салон кој што беше одложен минатата година поради пандемијата со COVID 19, на нова локација и по втор пат на отворен простор во паркот кај културниот дом Кисела Вода, веднаш спроти спортската сала Расадник.
Со почитување на сите протоколи за безбедност и здравје, овој пат ќе има некои промени за разлика од досегашните изданија на пивските салони. Влезот ќе биде слободен, но ќе треба да си обезбедите брендирана стаклена чаша која што ќе биде на штандот на “САКАМ ПИВО.МК“ или од веб сајтот и ќе чини 150 ден. Бројот на чашите е ограничен и лимитиран, ќе може да си ја користите во текот на целиот настан за дегустација на пивата од изложувачите и задржите за спомен во вашата колекција доколку сте биле на претходните настани. Дегустацијата овој пат ќе се наплаќа и ќе биде 50 ден чаша за поддршка на учесниците изложувачи. Пивата ќе се продаваат по цена од 100 ден основна во зависност од проценката на изложувачот кој сам си ја определува цената.
Сите поминавме низ исклучително тешка година, година во која што загубивме многу блиски пријатели и роднини, да си помогнеме едни на други, да ја вратиме економијата и нормалното живеење.
Фокусот на 5тото издание ќе биде на домашните и локалните производители на пиво, повеќето од нив беа учесници на претходните изданија како домашни производители на пиво од хоби, за да денес веќе се претстават со својот регистриран бренд на пиво и своја пивара. Горди сме на тоа дека со Пивските Салони успеавме да ја разиграме домашната пивска сцена и да работиме на конкурентни пива кои ќе имаат квалитет и континуитет и ќе бидат рамноправни на надворешните пазари.
Доколку сакате да учествувате како производител на домашно пиво регистрирајте се и пријавете го вашето учество на официјалниот емаил Info@sakampivo.mk Или на телефон 070 26 6626 Марјан.
Потврдени учесници:
РЕГИСТРИРАНИ ПИВАРИ
- КРАФТ ПИВАРА ТЕМОВ
- КРАФТ ХАУС – ВЕЛЕС
- ПИВАРА СТАР КОНАК – ШТИП
- ПИВО ЛАБС – НОВО ЛИСИЧЕ, СКОПЈЕ
- БАК – БИТОЛА
- СТАРОГРАДСКО ПИВО- КАВАДАРЦИ
- ДИМИТАР БЛАЖЕВСКИ – СКОПЈЕ
ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПИВО ОД ХОБИ
- БЕЛЕЗА БРЕВИНГ – КИСЕЛА ВОДА СКОПЈЕ
- ТЗ БРАДЕРС КУРАЈБЕЕР – ХРОМ, СКОПЈЕ
- ЧАИРСКА РОМАНТИКА – ЧАИР, СКОПЈЕ
- ПОТЕНЦИЈАЛНИ ГОСТИ ОД РЕГИОНОТ ЗАНАЕТЧИСКА ПИВАРА ПИВЏАН КОСОВО
ГАЛЕРИЈА ОСТЕН ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ КОНКУРС НА КАРИКАТУРИ НА ТЕМА ПИВО
ДРУШТВЕНА ИГРА ПИВОПОЛ – СО МОЖНОСТ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ТУРНИР.
ПРОМОЦИЈА НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ЧИПС ОД СВЕЖ КОМПИР.
СЛОУ ФУД ВОДНО И СЛОУ ФУД МАКЕДОНИЈА ПРОМОЦИЈА НА ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ
КРАФТ АРТ КОРНЕР : РАЧНО ДИЗАЈНИРАНИ МАИЦИ, ЧАШИ…
МУЗИЧКА ПРОГРАМА
ДЏ ЗОКИ БЕЈБЕ СО СТРИМИНГ НА АМОК РАДИО
ДЏ МЕЛАНИ ДИГИТ
„Пивскиот салон“ ќе дејствува со цел за промоција на пивото и пивската култура, на уживање на истото и промоција на малите домашни мини и микро производители кои во иднина би можеле да прераснат во мали пивски компании. Настанот има за цел промовирање на потрошувачката култура кон пивото и начин на живот, подигање на нивото на квалитет на храната и пијалоците кои ги конзумираме, во кои луѓето може да уживаат секојдневно. Малите производители се токму тие кои се двигатели кон овие промени врз културата на пивото, не само во регионот туку и во секој дел од светот. Занаетчиските пива се природни, нефилтрирани и непастеризирани и стануваат се повеќе популарни со оглед на тоа дека луѓето се повеќе водат сметка за тоа што внесуваат во себе. Целта е да се пробаат што повеќе стилови на пиво.
Ве покануваме сите заедно да уживаме во различните пивски вкусови со позитивна и пријателска атмосфера и заедно да влеземе во светот на пивските стилови, добрата храна и внимателно селектирана музичка програма.