Во овој период кога цел свет е принудно затворен дома, сите имаме малку повеќе време да прочитаме и научиме нешто ново кога е во прашање домашното пиварство. За да не ви биде здодевно, сите се посветивме на некои подзаборавени активности, а тоа е производството од дома, во домашни услови, токму онака како што било пред илјадници години.
Сакам пиво.мк во основа на своето делување како портал за промоција на пиво и ширење на пивската култура исто така за примарна цел ја има и поддршката на домашното пиварство од хоби. За таа цел размислував да соберам некои материјали достапни на Интернет, и на некој начин да им ја олеснам работата на сите оние кои се занимаваат со домашното пиварство, за кое што во светот се организираат разни курсеви од теоретските основи, до пракитични примери. Селектирав неколку извори, кои што треба да ги читате со трпение и селектирани според суровините. Не ги вклучувам овде блоговите, форумите, и разните групи кои што се достапни во секое време. ниту книгите кои може да си ги купите од странските сајтови, линкови со еден клик кој што се надева дека ќе го продлабочат вашето знаење, но и отворат некои нови аспекти во домашното пиварство.
ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПОЧНАТ СО ДОМАШНОТО ПИВАРСТВО ОД ХОБИ
За сите оние кои што допрва сакаат да започнат со ова хоби и да влезат во волшебниот свет на пивото им ја предлагам оваа книга и водич од списанието Brew your Own, oд 2017 година. Во Македонија сеуште нема ниту една книга ниту прирачник за оваа потреба, па затоа ќе мора да читаме книги на други јазици. Сакам пиво.мк заедно со Слоу Фуд Македонија во 2016 година организира еднодневен курс за вкусот на пивото од серијалот Мастери за храна, и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи поинтензивно и со теоретски курсеви водени од компетентни луѓе. Повелете линк за download на оваа книга и уживајте во читањето.The Brew Your Own Big Book of Homebrewing-2017Download
На нашиот сајт имавме порано неколку текстови од оваа тематика. Секако во овој дел неизбежни се и легендарните изданија на John Palmer How To Brew која што може да си ја купите од Амазон ви го предлагам да го користите Италјанскиот извор на Амазон како најбрз и најдостапен. Но исто така направи и бесплатно онлајн издание на неговата книга на следниот линк. The complete Joy of Homebrewing е уште една исто така одлична книга на уште еден легендарен Американец кога е домашното пиварство во прашање Charlie Papazian. Во меѓувреме во Скопје се регистира Здружението на граѓани за домашно пиварство каде што може да се зачлените или добиете повеќе информации и совети доколку сакате да започнете со ова хоби. Пиводром е активна и имате се што ви е потребно од суровина до опрема. Активна е уште една група за домашно пиварство Македонија, како и кампањата на Slow Food Macedonia Slow Beer преку која се организираа неколку настани во Битола и во Скопје.
ХМЕЉ И ТЕХНИКАТА НА СУВО ХМЕЉЕЊЕ
Scott Janish е домашен пивар, блогер и неколку години главен мајстор на пиво во Американската пивара Sapwood Cellars, Го запознав во 2018 г во Торино на Terra Madre Salone del Gusto во организација на Италјанската Slow Food организација кога имеше своја презентација и воркшоп на неговата пивара, Заедно со уште еден блогер и домашен пивар (или хоумбревер) Michael Tonsmeire (кој што е познат под името The Mad Fermentationist) и на неговиот блог Јаниш обработува неколку различни теми, прогресивно фокусирајќи се на хмељот. Во 2019 тие издадоа една интересна книга посветена на хмељот, наречена The New IPA (може да си ја купите од Амазон, која што е високо препорачлива за читање. Пред неколку недели пред да започне периодот на карантин Јаниш објави едно поглавје од неговата книга за техниката на суво хмељење погоден како за почетници, така и за ветераните. Уште една интересна книга на истата тема односно суво хмељење поточно дипломска работа од еден Американски студент кој што дипломираше на Институтот за Храна Наука и Технологија во 2012 на Универзитетот во Орегон, Peter Harold Wolfe дипломската ја нарече како Абстрактна теза за техниката на суво хмењење и достапна е во пдф формат за симнување.
КВАСЕЦ И ФЕРМЕНТАЦИЈА
Чарлс Бамфорт можеби како име за нас ништо не значи, но во светски рамки е автор на многу книги за пиво и е еден многу влијателен лик. Тој е Американски професор кој предава на Универзитетот во Девон, Калифорнија. Во неговиот живот има напишано десетици книги за пиво, и десетици научни студии, работел како консултант во некои од најголемите пиварници, како занаетчиските така и големите индустриски пивари. Овој текст, зборува за метаболичкиот процес на ферментацијата со екстремни детали и многу јасни и разбирливи податоци. Проучување за улогата на квасецот и процесите на ферментација. Текст на едно високо напредно ниво, но суштинско за сите оние кои сакаат да ја совладаат динамиката на ферментацијата.
Уште една таква докторска теза ни доаѓа од еден Италјанец, (на англиски јазик) кој студирал на Универзитетот во Перуџа Елио Морети. Зборува за ферментацијата но од аспект на загадувањата кои може да се случат во пиварницата и микроорганизмите кои што може да ги предизвикаат. Овој докторат е добар да се прочита за да се разбере динамиката на дејствувањето на квасецот и штетните бактерии против кои се бориме во домашното производство. Ж
Чад Јакобсон е Американски производител на домашно пиво, кој студирал на престижниот Универзитет во Единбург, а подоцна и основач на еклектичната пивара во Денвер Croocked Stave, во Колорадо, фокусиран воглавно во производство на кисели и диви пива sour & wild ale. На неговиот сајт The Brettanomyces Project , тој собрал неколку наоди кои што произлегоа од неговите студии посебно фокусиран на дивите квасци Brettanomyces . Комплетната теза е достапна директно на сајтот на Јакобсон, а сумарната е во слајд формат од самиот автор која што исто така е во пдф формат.
Одбравме една мала селекција посветена на ферментацијата со научни студии и за спонтаната ферметнација која што ќе ве внесе во авантурата на Ламбичките пива и младото Ламбичко пиво Гуeз, Gueuze, Во овој мал водич се зборува за микроорганизмите кои се неизбежен дел од ферментацијата. Чисто, концизно и јасно и добар водич во светот на спонтаната ферментација.
ВОДА
Кога веќе зборуваме за водата и нејзиниот процес во менаџирањето со пивото, веднаш ве упатувам на сајтот на Martin Brungard . Познат е по тоа што создаде една Excel табела која што овозможува да се менаџира со промените на водата во текот на производствениот процес. На овој сајт имате се што сакате да знаете за водата, добро објаснето и без некои технички и хемиски вокабулари кои што ќе ве збунат. Секој кој што мисли дека водата е само вода во процесот напроизводство на пиво, потребно е да го прочита овој водич.
ОСКИДАЦИЈА
Темата за оксидација никогаш не била толку жешка како што е во последниве неколку години. Постојат некои пивари кои што оксидацијата ја користат до екстремно ниво, како што е пиварата Low Oxygen Brewing . Една студија за оксидацијата исто така достапна во пдф формат на следниот линк од истата пиварница, ви дава неколку интерсни идеи. Ж
СЕРВИРАЊЕ НА ПИВОТО
На овој линк Американската Пиварска Асоцијација the Brewers Association собра неколку основни информации за служење на пивото, вклучувајќи и за наливното пиво и системите на точење.
ДЕФЕКТИ
И овој водич ќе го завршиме и со едно од најдобрите упатсва за да ги избегнете дефектите во вашето пиво Информациите можеби ќе ве збунат, но овој водич не смеете да го пропуштите. Исто така досатпен е во пдф формат, и секој домашен производител на пиво може да го разбере и да ги корегира грешките во своето пиво.
Марјан КОСТАДИНОВСКИ
вашиот водич во светот на пивото