Skip to content Skip to footer

28 МИ СЕПТЕМВРИ : САД-НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ПИЕЊЕ ПИВО

За Американците денес е Националниот ден на пиење пиво односно еликсирот од слад. Како што завршува сезоната за Октоберфест, така тие го прославуваат овој ден за да уживаат во најпопуларниот пијалок за возрасни.

Љубителите на пивото денес имаат избор повеќе од било кога, од Але пива до разни лагери, експлозија на крафт пивата, разни натпревари за оценување на нивниот квалитет, сезонски пива, разни вкусови со малини, рибизли, разни зачини, карамела, голема палета на вкусови е тоа што го нуди светот на занаетчиското пиво денес.

Како и да е не треба да пиете некое посебно пиво на денешниот ден, Од Америка овој ден се прошири и во светот па може да се прослави и со некое омилено локално пиво и да се постира на #DrinkBeerDay.