Skip to content Skip to footer

ЗА КИСЕЛИТЕ ПИВА ОД СЕРИЈАЛОТ PETRUS SOUR ALE

BROUWERIJ DE BRABANDERE

Малку се пиварниците кои ја покажуваат и разновидноста и конзистентноста како што тоа го прават од Brouwerij De Brabandere. Не е вообичаено да се чуе дека пилснер пиво од светска класа се произведува под ист покрив со една од најсофистицираните програми за стареење на пивото во светот. Добро обучен тим на мајстори на пивото е прилагоден на постојано променливите вкусови на љубителите на пиво. Нивната свежа перспектива за формулирање на рецепти и иновации ги доведе до тоа да станат едни од најплодните пивари во Белгија, со стилови кои се движат од обични ејлови до нитро пива и кисели пива. Во овој прилог внимание ќе посветиме токму на киселите пива од серијалот Petrus sour ale

АЛЕ ПИВА ОДЛЕЖУВАНИ ВО ФОЕДЕРС БУРИЊА

Petrus е речиси просечно пиво. Petrus е вистински кисело пиво, со корени кои датираат од дамнешни времиња, приготвено во Белгија според најдобрата традиција на производство на пиво. И покрај својата возраст, е младо во срцето!

Тоа е референца за кисело пиво. Иако не е за кисели и тажни луѓе, туку за луѓе на кои не им се важни трендовите и не е за хипстери. Луѓе кои им веруваат на своите сетила, се потпираат на сопствениот добар вкус и се желни да истражуваат нови граници.

Petrus е бавно, непредвидливо и диво пиво кое бара многу трпение. Не е ни чудо што е пиво за луѓе кои го разбираат нагонот да забават. Ова пиво, е зреено 2 години во дабови буриња, треба да се ужива голтка по голтка. Всушност, вистинското кисело… одзема време. Не е пиво кое што мое да го пиете секој ден и онака од нога да ви клиза низ грло како што сме научени.

Petrus е интригантен, енигматичен и затоа е невозможно да се копира. Само мајсторот пивар целосно ги разбира сложените процеси на производство на ова пиво. Тој владее со мистериозната микробиологија во дабовите буриња. Тоа е навистина наука со допир на магија. Па зошто да не ја прифатиме таа мистерија, да ја негуваме тајната и да го прифатиме експериментот?

Дали се осмелувате да го однесете тој експеримент на следно ниво?

Самото уживање во Petrus е веќе доста наградувачко искуство, но дали се осмелувате да започнете сопствен експеримент со мешање на киселите пива Petrus? Колку кисела сакате да биде вашата мешавина Petrus? Пробајте и вкусете додека не го достигнете вашето лично ниво на совршенство на киселото пиво.

Салата во која што одлежуваат пивата е посебна приказна во пиварата. Тука пивата одлежуваат 2 години во фоедер дабовите буриња. Секоја од нив содржи 220 хектолитри и е направена од француски даб.

НО, ЗОШТО СЕ КОРИСТАТ ТОЛКУ ГОЛЕМИ БУРИЊА?

Бидејќи не го сакаме вкусот на дабот, како при стареењето во буре. Дрвото е едноставно посебен сад, еден вид плодна почва за разните микроорганизми кои ги претвораат преостанатите шеќери од главната ферментација во киселини, поголема содржина на алкохол и естри. Исто така, ни треба дрвото како пропустлив ѕид: воздухот полека продира во дрвото и влегува во пивото, создавајќи контролирана оксидација. Овој процес се одвива многу бавно – потребни се 2 години за да се добие освежително кисело пиво со многу овошна арома. Во текот на 24-месечното стареење, микробиолошката флора во дрвото реагира со пивото за да го произведе неговиот малку кисел вкус и препознатлива арома.

Petrus Aged PalePetrus Aged Pale е 100% пиво од фудер, зреено 24 месеци во дабови фудери. Со години е референца за кисели пива. Мајкл Џексон the beer hunter, ловецот на пиво, го избрал името кон крајот на 1990-тите – и тој бил првиот што го продавал ова пиво во своите пивски клубови. Petrus Aged Pale освои повеќе златни медали на натпревари за пиво низ целиот свет. Покрај тоа, уште од почетоците на пиварницата, пивото се користи како пиво за мешање со други пива за да им даде свежи, малку кисели вкусови и ароми.

Petrus Red

RED by Petrus  е бленд на 15 %  Petrus Aged Pale и 85% dubbel bruin темно црвено со цреши. За љубителите на овошните пива. но со идеална слатко -кисела избалансираност.  Полно тело, овошна и освежителна киселост во исто време!

 

 

 

Petrus Roodbruin Petrus Roodbruin е бленд на  33% Petrus Aged Pale, чисто фоедер пиво кое што е одлежано 2 години во дабовите буриња, и 67% младо темно пиво Во овој бленд, младото темно пиво придонесува за црвеникаво-кафеавата боја, а старото светло пиво придонесува за малку киселиот вкус. Petrus Roodbruin е типично фламанско црвено пиво, како што налага традицијата.

 

.