Skip to content Skip to footer

ТОП ЛИСТА НА НАЈСИЛНИТЕ ПИВА ВО ПИВСКИОТ САЛОН

  1. DREAMS 2023 Производител Bevog Brauhaus Austria

Стил на пиво ICEBOCK – Barrel aged barleywine /19,6% alc. / 0,33L Ова издание на Dreams е богато и комплексно како и секогаш. Хармонија на луксуз, декаденција и ексцес за оние кои знаат како да уживаат во пофините задоволства во животот и кои навистина го ценат извонредното. Се карактеризира со смрзната дестилација за да стигне до олку висок процент на алкохол

 

2. HORTA 2023 Производител Bevog Brauhaus Austria

Стил на пиво Whiskey Barrel Aged Barleywine with Chocolate / 15,3% alc. / 0,375L

Мајсторски изработено јачменово пиво кое што е зреено до совршенство во најдобрите буриња за виски набавени од Manufaktur Gölles. За подобрување на профилот на вкусот во пивото се вметнати и најквалитетни органски чоколадни зрна набавени од фабриката за чоколадо во непосредна близина на Бевог Zotter. Резултатот е неверојатно слоевито јачменовско вино кое прво го допира нота на цреша, суво овошје, карамела, мед, ванила и многу убаво вметнато чоколадо. Во споредба со бурињата од бурбон, има некои посветли ноти од бурето – речиси како да доаѓа од тропски остров.
3. Xyauyù Kentucky 2018 Производител Birrificio Baladin Италија
Стил на пиво Specialty Wood Aged Beer 13,5% vol.
Уникатно пиво без пена и без карбонизација. Чиста филозофија. Со ароми на тутун, карамела. Филозофијата на ова пиво е во одлежување на екстраординарното оксидирано пиво во дабови буриња во кои претходно зреело виски. ова е едно од најнеобичните верзии на Xyauyù.
4. TRIPLE DE GARRE Производител Brouwerij Van Steenberge
стил на пиво Трипл 11 % алк

5. GULDEN DRAAK IMPERIAL STOUT

Производител Brouwerij Van Steenberge
стил на пиво STOUT 11 % алк
6. MONTE CRISTO oд Brouwerij Bosteels Белгија
СТИЛ НА ПИВО Belgian Strong Dark Ale 11.5% ABV  Фасцинантно темно специјално пиво кое што одлежува 11 недели во буре од виски и цреши. Комплексен вкус со ноти на дрво, и суптилна арома на ванила. Пиварата Бостелс е позната и по нивното уникатно пиво шампањ Deus со 11 % алк

7. OAK AGED DOPPELBOCK BOURBON Производител Camba Bavaria Германија 

стил на пиво DOPPELBOCK  10,5 % алк

Oсновното пиво од овој стил Мастурбатор кое што се произведува во Ноември, одлежува девет недели во американски буриња од бурбон.

8. DELIRIUM TREMENS BARREL AGED LIMITED EDITION

9. Gouden Carolus Imperial Dark 11.7 %