Skip to content Skip to footer

Марјан Костадиновски Марски

Beer Connoiseut

Brief info

Во пивскиот бизнис е од 2005 г како сопственик на првата специјализирана продавница за пиво во Македонија „Пивотека“ (увозник на специјални пива).
„Пивски амбасадор“ за пивото Gulden Draak на пиварата Van Steenberge Brewery во 2014.
По затварањето на првата продавница продолжува активно да работи на промоција на пивото и ширење на пивската култура во Македонија преку сајтот www.sakampivo.mk, со што организираше бројни настани за промоција и дегустација на домашното пиварство од хоби, надворешен соработник на разни списанија од областа на угостителството со текстови на тема пиво. Од 2016 г е член на Слоу Фуд Македонија и член на управен одбор каде што активно зема учество за промоција и едукација на различните пивски стилови со што заедно се организирани неколку дегустации и едукации. Преведен е и презентиран Италјанскиот водич од серијалот Мастери за храна „Добро. чисто и фер пиво“ во 2016 г во Битола. Во 2017 г прв пат учествува не еден интернационален натпревар за домашно пиво во Софија а од 2018 г е и активен интернационален пивски судија каде што учествува на неколку натпревари во Римини, Италија на манифестацијата Birra del Anno 2018 и 2019 како дел од интернационалната пивска жири комисија и во 2019 г во Брисел на Brussels Beer Challeng исто така како дел од интернационалната пивска жири комисија. Во 2018 учествува на воркшопивите на Quality Beer Academy во Торино за дегустација и спарување на различни пивски стилови, во 2019 г учествува и на првата работилница во Скопје во организација на Flavour Active од Лондон за техники на дегустација на пиво.

HARRY's Offers