Истанбул е фасцинантен град, со живи населби, енергична културна размена, бесконечен вртлог од историја и прекрасно море во самиот центар, кое што за жал овој пат немавме прилика да го почуствуваме поради непрекинатиот дожд за цело време додека престојував во царскиот град. И покреј тешкиот и трнлив пат да се стигне до свој бренд и занаетчиско пиво кое што ќе ја претставува земјата не само на локалните туристи туку и интернационални натпревари за пиво. Овој пат целта беше посета на јубилејното 10 издание на фестивалот на домашно и занаетчиско пиво, на покана на клубот на колекционери и љубители на пиво од Истанбул. И покрај проблемите со кои што се соочуваат со високи даноци, забрана за рекламирање на брендови и слично занаетчиското пиво во Турција опстојува и напредува со својот квалитет.
Покрај домашните производители на пиво кои своето пиво го нудеа за дегустација, но и за оценување од страна на мала група на пивски експерти и судии, учествуваа и неколку сериозно квалитетни официјални занаетчиски пивари од Турција: Gara Guzu Brewery e една од првите занаетчиски пивари во земјата и се сметаат за пионери на занетчиското пиво во Турција, кои од идеја од 2011 г почнаа да работат дури во 2014 г. Knidos Brewery од Мармара, A Sante brewery oд Адана и Torch Brewery од Измир. Воедно посетивме и неколку интересни места со култ кон занаетчиското пиво.
The Populist нуди на Истанбул и туристите најдобрите занаетчиски пива, кујна и музика лоцирана во историскиот комплекс каде што била најстарата фабрика за пиво во Турција , Бомонти уште од Отоманската Империја. Денеска на ова место се наоѓа и музејот за пиво, но и новата пиварница за новата генерацција од 2016 г. Концептот на Популист е креиран од Шпанската дизајнерска фирма Lagrange, а различното пивско портфолио е од Германски мајстор за пиво до пред неколку години, за да денеска го замени Американски брумастер со германска обука, со оригинални рецепти и лрестижни награди на пивски натпревари како The Meininger’s World Craft Beer Award, Brussels Beer Challenge

SANAYI 1-A е ново концептуално место за љубителите на пиво кое што нуди исклучително локални занаетчиски пива на точење.
Мотивирани сме повторно да се вратиме во Истанбул на уште некој поголем пивски фестивал.
