Валонија, Белгија е позната како родното место нз сезонскиот стил на пиво Saison. Во малото градче Сили, истоимената пивара Brasserie de Silly се обидува да изгради репутација на овој стил. со нивниот рецепт за темното Сезонско пиво кој што датира уште од средината на 19тиот век.
Silly Sour е уникатно пиво и прво од тој вид во Валонија, кое што му дава доминантен акцент на киселите але пива Во пракса ова пиво е бленд на 87% sour ale со 13% свежо сезонско пиво. Деликантите ноти на сладот успеваат да ја пробијат неверојатната киселост која што ќе ве потсети на зелено јаболко (како нашиот оцет на пример) за да заврши со блага лактична киселост. Има убава бела кремаста и стабилна пена, разни овошни ароми солидно пиво, но не и најдобар репрезент на овој стил. Чудно за вистинските пивопијци, нои пријатно и прифатливо за винските љубители.
Со своите 5,5% на алкохол и костенлива боја ова пиво ја отвара новата страница на сезонските пива.
Достапно е во специјализираната продавница за пиво Пивотеката на порталот Сакам пиво по цена од 159 ден.
М.К.