Greek Beer Awards е најмладиот пивски натпревар во Европа кој прв пат почна да се одржува во Атина во 2017 г кога се оценуваа само Грчки пива. Со текот на годините ГБА еволуира во интернационален пивски натпревар со учество на земји од Медитеранот и од Источна и Југоисточна Европа и оваа година за прв пат имаше и учесници од Македонија. Пивара Бакревски од Битола и Пиволабс од Скопје, со што го потврдува континуираниот развој во пивскиот сектор, но од друга страна им се помага и на Грчките микропивари за извоз.
Овогодишното оценување се случи на 19ти Март во Атина, каде што лично и присуствував со моето скромно интрнационално искуство на разни слични натпревари низ Европа. Веќе трета година по ред учествуваат интернационални судии со огромно искуство и проширен состав под техничко раководство на Италијанскиот писател и новинар Маурицио Маестрели, со кого лично се познаваме од Бира Дел Анно Италијанскиот натпревар за занаетчиски пива и судии врвни експерти секој во својата област од Германија, Англија, Холандија, Ирска, Финска, Италија Украина, Кипар.
Според првичните информации бројот на пријавени учесници по разни категории според БЈЦП е во постојан тренд и нагорна линија . Од особен интерес и оваа година беше учеството на судиите во програмата „Искуства на судиите“ “Judges Experiences”, во организација на Beer & Bar Magazine на која се истакна динамиката на пиварскиот и винскиот туризам во регионите на Атика и Централна Грција, посетувајќи локални производители со дегустација на локални производи. од кој како судии за пиво посебно беше интересна посетата во пиварницата Elixi Microbrewery каде што косопственикот Софоклис Панајоту, претседател на Грчката асоцијација на пивари (Hellenic Brewers Association,), имаше можност да разговара за прашања и презентира развојот на пиварата со своите гости. Со поддршка на пиварката на Elixi, Стела Димитриаду (и Астериос Арванитидис од Septem Microbrewery), тие направија одлична дегустација на пиво и храна во пиварницата, спојувајќи ги пивата од Elixi Microbrewery и Septem Microbrewery со локалната морска храна . Вистинско и уникатно искуство за промоција на пивскиот туризам. Elixi Microbrewery на пивската сцена во Грција е присутна од 2012 г а од 2023 г влегува во партнерски однос со Septem Microbrewery.
Исто така во рамките на оваа програма Здружението на винарии од Централна Грција беше домаќин на ексклузивна дегустација на вино, во винаријата Tzivani Bio Wines. Заедно со сомелиерот Алексис Митакидис поминавме низ дегустација на 10 регионални вина, Џон Циванис ја предводеше турата во винаријата и нејзиниот музеј во склоп на винаријата.
Во The Skinos Visitor Center дестилерија во рамките на вињакот Метакса имавме прилика да дегустираме разни коктели од Skinos Mastiha Spirit. Смолата доаѓа од дрвја од различни видови кои растат во јужниот дел на островот Хиос. Всушност, дрвото расте и во други области на Медитеранот, но само во Хиос смолата има органолетички квалитети идеални за нејзина употреба во храна. Познато уште од дамнешни времиња, можете да го џвакате со часови како забава, но е во алкохолен раствор кој ги извлекува неговите карактеристични ароми на земја, корен, Прекрасна Слоу Фуд приказна.
Дегустацијата на пивата се случуваше во хотелот домаќин Dave Red во Атина а церемонијата за доделувањето на наградите ќе се одржи на 9 мај 2025 година во Атина, во 19 часот, како дел од фестивалот World of Beer Festival кој во еден интересен простор каде што се одржуваат разни културни настани INNOVATHENS of Technopolis of the Municipality of Athens.
Марјан Костадиновски, blog sakampivo.mk
Благодарност до Beer & Bar Magazine и тимот на Greek Beer Awards
The Show must go on.