Skip to content Skip to footer

БИТОЛА: БИРАРИЈА БР.3- НАЈМАЛИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЗАНАЕТЧИСКИ ПИВА ВО ЕВРОПА

Кога само ќе се сетам на нултото издание на Бирарија кое се одржи во Задругата Артикултура во Ноември 2017та година со горе – доле истите учесници и тогаш и денес, но со една голема, навистина голема разлика. Тогаш настапија како произовидители на домашно пиво со голем ентузијазам браќата Бакревски, Трајче Митгрески со неговиот бренд Курајбер и Марјан Костадиновски со Чаирската романтика и неколку гости од Лерин, Грција и други учесници производители на домашно пиво од Битола. Со истиот ентузијазам, страст и целосна посветеност денеска браќата Бакревски се сопственици на првата занаетчиска пиварница од Битола крафт пивара Бак. Заедно со Слоу Фуд од Битола беа домаќини на третото официјално издание на Бирарија фестивал на занаетчиско пиво кое што овој пат се одржа во Градскиот парк во Битола.

Зошто велам најмалиот? Зарем постои некаде пивски фестивал каде што учествуваат само 3 официјални регистрирани занаетчиски пивари? Не. и навистина сум среќен поради тоа што собраа храброст и смелост да дојдат во Битола и презентираат своите дела на точење.

Пиволабс е занаетчиска пиварница од Скопје, основана во 2020 година. Започнува како „нанобруери“ со капацитет од 100 литри, а денес произведува околу 4.000 литри месечно, со планови за зголемување на капацитетот. Пиволабс работат со квалитетни увезени суровини од Белгија, Словенија и Франција а нивната понуда вклучува пива како што се White IPA, Pumpkin Ale, [Pale Ale Kolsch german Ale, Session IPA, Black IPA, Stout   Пивото се произведува на класичен процес: мелење, варење, ладење и ферментација.
Белеза Бруинг e најновата занаечиска пиварница од Скопје со капацитет од 1000 литри пиво на месечно ниво. На Бирарија се претстави со два вкусови: ИПА „Распуст“ и лагер „Сефте“ како Сефте првото пиво од Белеза. Дарко започна исто така како производител на домашно пиво во гаражни услови.
Пивара БАКРЕВСКИ официјално регистрирана од 2021 година со капацитет од 5 тона на пиво на месечно ниво, денеска веќе работи во нов производствен погон во индустриоскиот дел во Битола Произведуваат четири вида пиво: Пејл Ејл, Стаут, Пченично и Пилснер.
САКАМ ПИВО е специјализирана продавница за увозни занаетчиски пива, а се разбира и домашни.На Бирарија настапи со повеќе видови, од кои повеќето од нас, повеќето од нив не ги знаат
овошното пиво од цреша, sour ale,  nitro cherry quadrupel ale, smoked porter, и со пива проиведени во гаражни услови: triple hop red ale, blond ale со ориз и црно стоут пиво.
Трaјче Mитрески кој редовно настапува под брендот Курајбер овој пат беше гостин и со неговиот бенд Културно Уметнички работници и се надеваме дека ке биде следниот официјално регистриран производител на пиво во Македонија.

И секако гостите на вечерта и овојј пат беа нашите херои и пријатели од Поградец Албанија Birraria e Gjyshit  кои ги презентираа нивните BBA Belgian Blond Ale и IPA.

Музичката програма освен Културно Уметнички работници беше исполнета и со ДЏ сет на Агим Џело, познат како „Забот“, човекот кој од 1996 година ја има најдолгата македонска рок емисија „Металманија“.

Секако пиво без храна не оди а за тоа Битола има што да понуди: КОНЕЦ Нивното едноставно мени се состои од неколку производи.
-Конец сендвич со бавно печено свинско месо со две комбинации од сос и салата
-Игла сендвич со бавно печено пилешко месо со две комбинации од сос и салата.
-Макара сендвич со бавно печено јунешко месо кое се служи во сосот во кој се приготвува од морков и кромид во комбинација со салата
-Четири видови на ладни сендвичи -Конец салата

FOOD REPUBLIC познати како Република која расте со полна пареа, отвора нови хоризонти и го слави животот преку вкусовите!

Времето не послужи добри и беше навистина пријатно и не многу топло овој викенд во градскиот парк во Битола.

Слоу фуд Битола повторно се покажаа како добри домаќини и организатори на вакви настани.

Настанот финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку делот за локални манифестации во рамки на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2025.

 

Марјан Костадиновски