Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЗАКОНСКИТЕ РЕГУЛАТИВИ И ПИВОТО НИЗ ВЕКОВИТЕ – ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД

Уште од дамнешни времиња државата на разни начини сакала да го контролира производството, но и конзумирањето па и дистрибуција на алкохолните пијалоци преку воведување на разни даноци и давачки на производителите. 

Законот кој го регулира неговото производство, дистрибуција и потрошувачка, отсекогаш бил дел од општеството. Како што алкохолот влегуваше во општествениот живот на луѓето, така се развиваа политиките за негова контрола. Уште во времето на Сумеријанците од старата Месопотамија, кои беа првата цивилизација која што ги претвори полињата од жито во реки пиво, преку нивните освојувачи Вавилонците го ставија правењето пиво да биде цел на владата, особено по појавувањето на законот на Хамураби (1728-686 п.н.е.). Хамураби го истрча неговото царство со железна тупаница, и без аспекти на животот, вклучувајќи го и пивото, кое не можело да го избегне овој „код“, кој што денес претставува еден од првите регулирани закони на човештвото.
„Кодот на Хамураби“ деенс се чува во музејот Лувр во Париз. Во овие закони Хамураби го класифицира пивото во 20 различни категории, од кои 8 тврделе дека пивото морало целосно да се направи од јачмен, други можеле и од мешавина од други житарки. Највисокото и најскапо вавилонско пиво било од чисти житарки. Исто така имаше одредби и за пченични пива, тенки лесни пива, црвени пива и црни пива, како и одредби за одлежани пива за извоз, главно во Египет, каде што пивото било многу конзумирано. Потоа одредбите се проширија и на ценовните контроли, на пиварниците и на гостилничарот, а беа донесени и првите закони за пиво.
Отткогаш, заедниците почнаа да експериментираат со различни методи за контрола на алкохолот, од тешки оданочувања, до директна забрана и прохибиција за сите пијалоци. Можеби двата најпознати и најконзистентни закони до денешен ден се познатиот Баварски закон за чистота на пивото од 1516 година- Reinheitsgebot и Прохибицијата во САД, (која што заврши со 18тиот амандман со укинување на сите 21 амандмани)

Во Reinheitsgebot се наложуваше дека пивото може да се прави само од јачмен, хмељ и вода, – улогата на квасецот во ферментацијата сеуште беше мистерија во тие денови. Но, тој декрет исто така воспостави цврста ценовна политика за пивото во Баварија, што беше клучна цел на декретот и потценета од современите приврзаници за техниките на производство на пиво. Всушност зборот Reinheit (чисто) не се појавува во оригиналниот документ, а само 31 од неговите 315 зборови односно само 9,85% од декретот се занимаваат со состојките на пивото. Останатите ги означуваат задолжителните летни и зимски цени на пивото, како и казните за прекршителите на оние кои не го почитуваат едиктот на цените на пивото. Во текот на вековите, указот беше изменет за да го вклучи и квасецот како легитимна состојка за пиво, а контролата на цените беше отстранета. Наместо тоа, беа доведени други комплицирани правила со што се дозволи користење на пченичен слад, како и останати додатоци кои произведуваат дополнителни шекери, но само за пивата со горна ферментација. Исто така се наведува дека секој пијалок кој што не ги следи состојките од регулативата не може да се нарече како „пиво“ и плаќале дополнителни такси на вортот. Едиктот го стекнал своето име кое се користи и денес “Закон за чистота“ во 1918 година, откако еден непознат делегат од баварскиот државен парламент го нарече како такво за време на една дебата за данокот на пиво.
Американската прохибиција, пак од друга страна наместо да го регулира правењето на пиво, продажбата и транспортот на алкохолните пијалоци, едноставно го забрани во целост. Прохибицијата, чудно не го забрани поседувањето или употребата на алкохолот, туку само неговото производство и продажба. Амандманот за забрана на алкохол, познат како Прохибиција, стапил на сила 1920 година, и тогаш конзументите на пиво стануваат најзатекнати, бидејќи криминалците се преориентирале кон производство на силни пијалоци дестилати. Пиварниците кои сакале да опстојат морале да се прилагодуваат и преминат на производство на сурогати, пијалоци кои личеле на пиво, но не содржеле алкохол. Од 1400 американски пиварници тогаш, Прохибицијата ја преживуваат само 160.
Во 1926 година се подготвува теренот за укинување на забраната на алкохолот, но во 1929 година поради големата светска економска криза тоа прашање доаѓа во втор план. Една година подоцна неколку од преживеаните пиварници формираат „Здружение на производителите на пиво“. Пиварниците на различни начини се наоѓале во тешка ситуација. Најголемата од нив Anhauser Busch произведувала квасец и сируп од јачменов слад, но и сладолед, се вклучила и во производство на ладилници и камиони. Во 1932 година Демократите и нивниот председателски кандидат Франклин Рузвелт го ставиле укинувањето во својата изборна програма која добила огромна поддршка и така во ноември 1933 година се укинува Прохибицијата.

 

БИЗАРНИ РЕГУЛАТИВИ – Копајќи по историските сочувани податоци и факти за пивото стигнуваме до некои возбудливи и фасцинанти податоци кога се однесуваа за неговата легислатива. Но, од сите овие секако најбизарните и најчудни ги наоѓаме во Америка.
Во Флорида, пиварниците кои ги продаваат своите пива во оваа земја мора да го назначат името на државата на тапата и продаваат само строго определени големини на шишиња, Прохибицијата или забраната важи за 22 литарските буриња или шишиња од 750 мл или било кој друг Европски стил на флаширање.
По собирањето на разните апликации и такси државата издава лиценци на тие кои сакаат да продаваат пиво. Бројот на лиценци е најчесто ограничен од страна на државните органи. Во повеќето држави дистрибутерите се заштитени со франшиза што значи дека на берзата е единствено легално правното лице кое може да продава одреден тип на пиво во одредена држава. Рестораните, баровите и продавниците може да купат само од еден дистрибутер со франшиза.
Некои држави сеуште ги ограничуваат сортите на пиво кои се достапни во продажбата врз основа на неговата јачина на алкохол; така на пример тие со повеќе од 6% алкохол не може да се продаваат во супермаркети и бензиски пумпи туку само во специјализирани продавници во определени временски термини.
Во повеќето држави, промотивните материјали кои имаат вредност, не може снабдувачот легално да ги даде. На пример, дистрибуторот или пиварницата легално не може да дадат чаши или неонска реклама, туку мора да бидат продадени, т.е. фактурирани. Во Тексас, секое пиво со над 4 % алкохол е етикетирано како “ејл” без разлика на начинот на неговата ферментација. Секое пиво без разлика дали е ејл или лагер со процент на алкохол под 4% е означено како “пиво”. Сите точени пива произведени во Јута и сите пива кои се продаваат во тамошните продавници се со 4% алкохол, повеќе или помалку. Единственото силно или “тешко пиво” како што сакаат да го наречат, кое што може да се најде во оваа држава се продава во специјални продавници за алкохол или одредени ресторани. Во Пенсилванија, повеќето пива може да се купат на пакет од 24 шишиња, без оглед на големината на шишето. Пакетите пиво може да се купат во специјализирани продавници за пиво, а доколку сакате т.н. пакување од 6 шишиња тоа може да го купите во ресторан каде што е многу поскапо. Исто така во оваа држава на пример, мажот не може да купи пиво или било кој друг вид на алкохол без писмена дозвола од неговата сопруга, за разлика од Ајова, каде на пример мажот не смее да пие пиво додека води љубов со својата сопруга. Сите пива кои се продаваат во Индијана мора да бидат топли не смее да се продава пиво од фрижидер, а во Оклахома пак мора да биде озаначено дека пивото мора да се продава на собна температура и тоа од 10 до 19 часот, од Понеделник до Сабота, во Недела мора да е затворено. Во Тенеси посебно се внимава на испораката на пиво кога е со камион. Не смее да се меша еден стил со друг, и никогаш не смее два различни типа со ист камион. Според тамошниот закон, на пример пивото barleywine никогаш не може да биде продадено во ист камион со светлото лагер пиво, иако тие се испраќаат од ист магацин на ист корисник.
И можеби најчудниот закон постои во Мериленд, каде што оние автори кои пишуваат рецензии или текстови за пиво мора да бидат лиценцирани како експерти од страна на државните агенции со цел да добиваат легално примероци и тоа по три пива по бренд од пиварниците производители. Во Кентаки пак, на пример не смеете да продвате пиво по пошта, зошто доколку би го сториле тоа ќе бидете казенти со 5 години затвор, слично е и со Њујорк каде што вино и пиво смее да се продава во специјализирани продавници, но не и како подарок, доколку споственикот го стори тоа ќе биде казнет со 10.000 долари. Во Тексас, Енциколопедија Британика била забранета зошто содржела рецепти за правење пиво по дома. Смешно и вистинито, но сепак некои од овие легислативи сеуште се во функција. Кога се збори за старосната граница во Индијана пак на пример дури ни со бебе не смеете да влезете во вакви продавници, и мора да покажете лична карта, додека во Лујзиана, ако имате 18 години може да влезете во бар, но за да пиете алкохол мора да имате 21 година, додека во Мисури пак дури и безалкохолното пиво е забрането за лица под 18 год.
Како и да е прохибицијата своето влијание го оставила и во делови од еврпскиот континент. Гледајќи го и социјалниот статус на граѓаните исто така постои одредена поделба, на пример дневна доза за обичен работник е два литра пиво секој ден, цивилните служители може по три литра, додека администрацијата и директорите по пет литри дневно.
Старосната граница за пиење алкохол во Холандија е неверојатни 16 години за пивото и виното. За ликер, мора да имате 18. Како што дознавме не постои временско ограничување за продажба на алкохол. Повеќето барови се отворени до 01 часот преку недела, до 03 часот за време на викенди, со тоа што постојат и одредени исклучоци како на пример во Red Light District се отвараат подоцна. Пиењето и возењето е сериозен криминал и често завршува со суспензија на дозволата. Границата е 0,05 % што дури ги вклучува и возачите на велосипед.
Според Законот кој го потпиша Рускиот Председател Димитриј Медведев со кој пивото за прв пат се дефинира како алкохолен пијалок, и конечно прави разлика во тоа кој и каде може да се продава. Според Законот, само лиценцирани продавници може да продаваат пиво и никогаш помеѓу 23-00 и 08-00. Јавниот транспорт, бензинските пумпи, аеродроми и трафики, кои се околу една третина од целата продажба на пиво во Русија, нема да може да го продаваат истиот пијалок. Овие мерки се донесени пред се за да се намали степенот на конзумирање на алкохол кој во Русија е еден од највисоките во светот и неговата злоупотреба изнесува 600000 смртни случаи годишно и половина од сите тие се мажи на возраст помеѓу 15 и 54 г. Дополнителни мерки за намалување на оваа бројка се зголемување на акцизата, забрана на рекламирање на пивото на ТВ и тн.
Во Нов Зеланд легална граница за пиење алкохол е 20 години, но исклучок е доколку стапите во брак, и под 18 г. може да пиете алкохол но само во присутво на сопругата. За крај повторно ќе се вратиме назад во античките времиња уште во 2риот век пне во Хамурабиевиот законик (Хамураби, вавилоски крал 1729-1686 г), најстариот пишан закон на светот напишан на клинасто писмо пишува дека пивото не смеело да содржи премногу вода и не смее да се продава по превисока цена. Во законот се наведуваат и казни на пример доколку шанкерките ги лажат гостите:” Ако не им го наплаќа на гостите пијалокот со жито, туку бара пари, лаже на тежината или точи лошо пиво, треба да биде повикаа на дговорност и фрлена во вода. Жената која сака да влезе во пивница, може да биде само шанкерка, но не смее да дојде како гостинка. Ако пие во крчма, треба за казна да се запали. Занимањето производител на пиво било престижно занимање и донесувал висок општествен статус, но, ако тој истиот би произведувал и лошо и неквалитетно пиво во законот се наведува дека треба да се казни со тоа што би се потопил во тоа пиво.