Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЗА ПЧЕНИЧНИТЕ ПИВА И РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ WEISS, WEIZEN И WIT

Последниве неколку години пазарот на увозни пива во Македонија сериозно се зголемува и сведоци сме на разновидни странски пива на чии етикети се запишани и нивните стилови кои што понекогаш може и да го збунат обичниот пивски потрошувач и да ве збуни во обидот да запаметите што сте пиеле, а камо ли да ги правите и разликите. Често сум слушал прашања од типот: „Пченично пиво е живо пиво, нели?“, или „Има ли разлика помеѓу weis и weizen?“. „А што е пак сега wit?“. Затоа ќе си дозволам на кратко да ви го доловам објаснувањето и разликите помеѓу овој стил и сортите на пиво во кој е вклучена секако пченицата.

Всушност, пченицата во пиварството се користи од пред неколку илјади години. Дури се смета дека е постара и од јачменовиот слад. кој во пиварството влегува последниве неколку века. Одреден период од историјата на пиварството пченицата дури беше и забранета, бидејќи ги оштетувала резервите з а жито, предвидени за исхрана на населението во различни земји.

Еволуцијата на овој тип на пиво постепено доведе до развој на два основни стила во Германија: баварскиот weissbier познат и како weizen во други делови на земјата и берлинскиот weiss, Понaтаму следуваат белгискиот wit (или бело пиво) како и американскиот wit кој е сличен со белгискиот.

Според германските историски извори пченичното пиво се среќава во XV век, во областите каде што се денешна Данска, до хамбург и Виена. Со прецизност може да се каже дека пченичните пива почнале да се варат од династијата Дегенбергер во истиот век. Првите пиварници специјализирани за пченично пиво се изградени во Минхен и производството било строго контролирано од баварските принцови, до 1872 г кога правата конечно биле префрлени  во корист на пиварниците од неблагородничко потекло.

Со што се карактеризира процесот на производство на пченичните пива? Во пченицата има помало присуство на одредени ензими, затоа поминува на дополнителна фаза на зашекерување. Задолжително исто така пченичниот слад се комбинира со јачменов слад шато е од значење и за полесно процедување. Најчесто односот меѓу двата вида на слад е 50/50, или 60/40 до 70/30 во корист на пченицата и во зависност од рецептот.  Баварското пченично пиво се одликува со арома и вкус на каранфилче и банани, понекогаш ванила, поради специфичноста на квасецот, Додека пак Берлинскиот вајс се користи и млечно киселкаста бактерија која дава малку кисел вкус. Американските пченични пива пак имаат неутрален вкус и мирис поради квасецот кои се карактеристични и за американските ејлови. Белгискиот вит, бланш (бело пиво) е наречено така поради неговата боја која се должи на одржуваната температура при процесот на зашекерување. Се карактеризира со мирис на коријандер, кора од портокал итн. Се прави од сурова пченица, во повеќето случаи се додава и пченичен слад. При производство на наведените (вајс, вајзен, вит/американски вит) се користи технологијата на горна ферментација.

Сега малку подетално. за Баварскиот вајс карактеристично е ниското ниво на горчина (помеѓу 10 и 20 IBU) со меко тело и заситени естери, дава мириси на банана и каранфилче, за кои претходно стана збор. Исто така се силно газирани. Токму во Баварија се користи терминот Вајс или вајсбир Вајзен се нарекува во БАден-Виртемберг, и северните региони на Германија. Хефевајзен (од hefe- Квасец) e пченично пиво во неговиот оригинален изглед доферментирано во шише, со што квасецот дава малку заматен ефект. Кристал вајзен пак е филтрирано пченично пиво при штио е одземен квасецот и тоа помага да се одликува со неговата бистрина.

Кај берлинскиот вајс  нивото на горчина е уште пониско (3-8 IBU), и тие исто така се добро газирани, а соодносот пченица – јачмен е подеднаков. Во моментов најпозната произведена марка е Berliner Kindl Weisse. Иако е со доволно  низок процент на алкохол 2-3 % често се прави со лимунов или сок од малина. Може да се спореди донекаде со белгискиот Ламбик, кој сепак се прави со спонтана ферментација на див квасец.

Белгискит вит своите корени ги влече од средниот век кога тогашните пива се нарекувале gruut (вид на пченица) во кои не е користен хмељ. а е коктел од зачини од други растенија. Хмељот почнал да се користи во модерните времиња, но генерално само за горчина. Во овие пива се додава исто така мелен кориандер, кора од куракао, портокал идр. Стилот на вит пиво се ревитализира благодарение на легендарниот белгиски пивски мајстор Пјер Селис со Hoegaarden, кој подоцна емигрира во Америка за да по истиот рецепт го развие брендот Celis white beer. популарни и слични брендови се исто така, Blanche de Namur, St. Bernardus Wit, La Trappe Witte.

Во американските вит пива застапена е бананата и ароми од каранфил, газираноста е умерена, а понекогаш користат и американски хмељови типични примери се: Allagash White, Samuel Adams White Ale, Positive Contact на пивара Dogfish Head и др.

 

Со нагласена употреба на пченица се и дункелвајс пивата. – тоа е потемната варијанта на пченични пива, со добри примери кои се наоѓаат и на нашиот пазар, а исто така може да се споменат и вајс/ваизенбок пива долноферментирани лагер пива.

Наздравје!