Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЗА БОЖИЌНИТЕ ИЛИ ЗИМСКИ ПИВА

Насекаде во светот овие празнични денови се пијат посебни зимски пива, од специјален вид кои се одликуваат со поголем удел на сладот, поголем процент на алкохол, и најчесто килибарна,а  во некои земји и црна боја.

Традицијата потекнува од времињата кога пивото претежно се кувало по манастирите од најдобрите состојки иако зимските специјали се правеле пет века пред Исус, но не се нарекувале така. Првите количини направени се на северот од Европа, а некои историски истражувања тврдат дека тоа го направиле Викинзите.

Според некое правило тоа се вообичаените видови на лагери и але пива кои се варат во мали количини и уникатни сами по себе. Некои пиварници ги варат по традиционални рецепти, а други експериментираат а ги прават со повеќе видови на хмељ и слад, а трети им даваат повеќе зачини и ароми. На етикетите доминираат мотивите од зимата и од божикните празници, а шишињата често се пакуваат и во посебни свечени картонски кутии со пригодни чаши. Речиси сите пиварници кои се држат до својот квалитет варат божикни пива, Натпреварувајќи се која ќе произведе подобро и повкусно пиво и пакува во атрактивна амбалажа или приреди некое друго изненадување. На северот од Европа во градот Есен кој е на границата Белгија Холандија се оддржува специјален фестивал кој е посветен токму на Божикните пива.кој трае шест дена и пет ноќи и се смета за еден од најдобрите сезонски пивски фестивали со ексклузива на која се наоѓаат лимитирани серии на пива од тој регион. Го нарекуваат и рај за љубителите на белгиските специјални пива бидејќи во самата близина постои и еден огромен маркет. 

Некои пиварници произведуваат и мали количини на ексклузивно пиво наменето на потесен круг на луѓе. 

Кај нас нема некоја традиција на варење на божикни пива и нема ни да ја очекувате, но затоа може да очекувате од малите производители на пиво кои се отворени кон експериментирање, па така на вториот Крафтинг Пивски Салон имавме прилика да пробаме и едно такво домашно македонско божикно пиво на производителот Иван Манаковски во точена варијанта.