Skip to content Skip to footer

НА ПИВО СО: РОБЕРТО ОРАНО ”WHITE PONY MICROBEWERY” ИТАЛИЈА

Од оваа недела започнуваме да ви пренесуваме неколку интервјуа кои ги имавме со некои производители на мали пиварници по Европа и регионот.  Дека крафт пивата и микропиварите се тренд насекаде по светот ќе се уверите од разговорот кој го имавме со ликовите кои ќе ви ги претставиме на овој блог. „Белото Пони“ е микропивара од Падова која произведува пивак кои се произведуваат во Белгија и Италија. За таа прилика разговаравме и ви го претставуваме главниот мајстор и креатор за пиво Роберто Орано.

ПИВАРСТВОТО Е УМЕТНОСТ

Ви благодариме што одвоите време за да ни одговорите на неколку прашања околу вашите активности во White Pony Craft beer . Пред се би ве замолил да ни кажете нешто за тимот кој стои зад микропиварницата. Како започнавте да се интересирате за пиварството?

Здраво на сите, и пред се благодарност до сите што ми ја дадаовте оваа можност ! Започнав со  домашно производство пред неколку години, имам 25 години, и потрошив многу време (и пари) во крафт пивата, дегустирање и колекционирање на чаши и шишиња, пишување рецензии, патување итн итн. И потоа одлучив дека би било добро да започнам да правам некои пива само за мене, започнав директно со методот сите состојки, но со минимална опрема и производство од само неколку литри. Патувајќи запознав многу луѓте и стекнав нови пријатели, меѓу кои и вас, кои ги пробуваа моите пива и од кои беа импресионирани, подоцна по некое време решив сето тоа да го инвестирам во пивара и сите пари ги вложив во тоа. Секако авантурата не е едноставна да се опише во неколку зборови.

Кои беа чекорите кои ви дадоа одлука да ја започнете пиварницата?

– White Pony секако беше родена со страст кон craft пивата, но да бидам искрен изборот беше направен затоа што тука е навистина многу тешко да се најде добра работа, мислам можете да најдете некоја несигурна работа за неколку недели или месеци, и потоа да останете дома повторно, или некоја нелегална работа, а доколку пак најдете работа со целосно работно време (full-time work) во денешно време повторно не сте сигурни и третирани како робови, и е анвистина лудо да работите 8/10 часа без права и за некои смешни пари. Тоа и беше главниот мотив и причина да  одберам да бидам крал на себеси  „ако умрам , подобро да се убијам самиот себе со мои сопствени раце“, и се разбира да го работам тоа што го сакам без стресови за мене и другите околу мене.

Со оглед на тоа дека правите мали серии на вашите пива какви се вашите аспирации околу дистрибуцијата?

 Па, малите серии ни дозволуваат да експериментираме многу, тоа ни ја засилува страста која стои зад овој проект.За жал тука е проблемот дека често се случува да немаме доволно пиво кое ќе ги задоволи побарувањата, па имаме во план да го зголемиме произвдодството повторно уште следната година. Да се биде мала пиварница бара многу директни контакти со клиентите и дистрибуторите, понекогаш нашите клиенти не поддржуваат да продолжиме да ги правиме пивата што е многу добро, исто така треба да имате и директен поглед во продажбата на пивото и што мислат луѓето за пивото и за вас, а тоа ни дава сила секој ден да работиме и бидеме исполнети со страст.

При отварање на пиварница, кои одлуки се многу важни?

 

Ние сме фирма која прави свое пиво, во друга пиварница, но сигурен сум дека страста и знаењето се многу важни нешта, исто така треба да го разработите и комерцијалниот план, но секако и вербата дека инвестирањето во квалитетот секогаш се исплатува.

 

Каква е приказната која стои зад имињата на сите ваши пива?

Имињата на нашите пива се моментална инспирација. Кога почнуваме да правиме пиво сите нешта доаѓаат природно, како и името. Некои имиња се инспирирани од музиката, други од некои пораки кои сакаме да ги шириме а други пак се на некои нешта кои сакаме да ги посветиме на пивото, на пример Венеција, град кој лично многу го сакам, или Zumbi кој бил бразилска анти империјалистка. Секој рецепт, име, зависи од инспирацијата на тековниот момент од нашиот живот а тоа е тоа што пивото го прави уметност.

 Како добивте идеја да почнете да користите чудни зачини и состојки во производството?

Мислам дека користењето на зачини и чудни состојки може да биде природна работа, а за мене е многу природна секако. Ако постојано мислите во вашиот рецепт да вметнете некоја состојка ризикувате во тоа да не успее.Ако имате во рацете зачини и може да ја почуствувате аромата и вкусот, базирани на вашето знаење, може природно да мислите во рецептот да ја искористите и таа состојка. Тоа треба да се почуствува, а не да се направи само да се добие некој глас. Тоа е моето видување. И секако треба да се студира бидејќи работата со зачини бара експериментирање. Да бидам искрен јас готвам екстремно силни пива но не сакам да користам многу зачини, понекогаш да ОК е тоа, еднаш направивме со корен од  чајот  licorice roots aи со 7 зачини, но не го сакам тоа често, но да го почуствувам  и најдам добра инспирација.

Колку долго одлежуваат твоите пива?

Зависи кое пиво. Нашите пива имаат рок на траење четири години, со исклучок на некои bitter/light пива. Тоа е само за законот, бидејќи нашите посилни пива се развиваат со текот на годините и се чуваат во темни подруми на собни температури и повеќе години за нивна еволуција. За погазираните пива и не треба толку време и карактерот на хмењот се губи, и подобро е да се пие додека е свежо и не многу старо.

Како би ги опишал твоите пива? Дали си под влијание на одреден стил или пивара?Може ли да појасниш за нашите потрошувачи разликата помеѓу крафт пивата и комерцијалните премиум пива?

 Yep! Крафт пивата се пива кои се уште живи, нефилтрирани и непастеризирани, обично ферментираат природно во шишињата за да го креираат јаглерод диоксидот на природен начин со шекер и квасец, тоа е затоа што може да се пијат и подолго време и секако добри се за здравјето. Комерцијалните пива обично се произведуваат со лош избор на состојки користат хемиски процеси, пастеризирани,филтрирани … и нема вкус во нив. Кога ќе пиете крафт пиво, ќе почуствувавте дека сте пробале нешто навистина добро за вас и вашето здравје и задоволство! Нашите пива се вообичаено екстремни и се плод на тешка работа зад нив, но прифатливи од сите луѓе бидејќи произведуваме повеќе различни стилови на пиво. Тие обично се лице на вашиот карактер и полни со страст, сакам да мислам дека оваа страст ќе ја почуствуваат и тие кои ќе ги пробаат нашите пива, сакаме да ги споделиме нашите емоции низ пивото, почнувајчи од нашите рачно изработени етикети. Кога че пробате White Pony ќе знаете дека пиете нешто различно, надвор од јадрото,  од комерцијалното. Да, инспирирани сме од Белгиската традиција, како Трапист пивата и повеќето историски пиварници, исто така фрлам поглед и на Американските крафт пива, движење кое го почитувам многу, но не сум под влијание на одреден стил Секако дека имам лични фаворити како житните пива и покомплексните силни ејлови, но сакам да пробувам различни стилови. Во близина на Белгиските корени кои ги имаме во крвта, и имавме среќа што во Италија не постојат традиции, и но дозволвуа да експериментираме многу и со тек на време да ги разбиеме сите бариери околу категроизирацијата.

Опишете ни го вашиот бренд малку повеќе? Што значи всушност White Pony?

 White Pony eимето на прекрасниот албум на бендот од Калифорнија Deftones .Мислам дека пиварството е уметност, а како уметност мора да гледате напред. Лично мислам дека не можам да ја најдам смислата во производство на илјадници исти пива, и пред се произведуваме тоа што сакаме да го пиеме и не можеме да го најдеме на пазарот, и дека сакаме да експериментираме и правиме нови нешта бидејќи ако сакам добар пилс, лагер , дубел или витбир знам каде да го купам. Не мислиме на крафт пивата како на елитно нешто, крафт пивата мора да ги обединат луѓето и социјализираат. Мислиме дека страста доаѓа пред се, што значи дека ако правиш пиво правиш нешто добро, не си обврзан да го спаруваш со некаква храна и сл. Се трудиме секо јден да ја промовираме добро културата на крафт пивата и донираме средства на луѓето бидејќи мислиме дека пивото е социјална работа. Работиме многу со дабови буриња бидејќи нашите пива се совршени за созревање во дабови буриња како виното/алкохолите, и планираме наскоро да започнеме со некој но в проект. На пример нашиот  The Prophet Bourbon Reserva беше прогласен во топ 10 на пивскиот фестивал во Есен а имаме и две пива во Италјанската топ 15 листа.

Опиши ја пивската сцена во Италија. Имаш ли некои други омилени пива или барови?

Пивската сцена овде е малку комплексна, знаеш тоа е нешто што наеднаш ќе експодира но сеуште додека е младо, но мора да бидам искрен дека има многу добри пива и многу добри пиварници но тие се само мал дел од производството на крафт пива , како и секоја земја ние имаме млада сцена но без традиција. Премногу луѓе прават исти пива, како и модата, но сепак има позитивни промени како страста на луѓето за пиварството, многу пивотеки и пабови кои денес веќе служат вакви пива, имаат познавање, се интересираат од луѓето коис е во комерција. Секако дека пијам и други пива и има пиварници кои навистина многу ги сакам. Имам еден омилен бар близу мојот град Падова, се вика Open Gate pub, каде што имаат и други крафт пива и со сопственикот често знаеме да се собереме и да направиме нешто заедничко, некој вид домашен експеримент.

Што би порачале на Македонските конзументи?

Пред се ви благодарам уште еднаш за ова интервју, Би сакале да ги видиме нашите пива на македонскиот пазар и луѓе ве молам поддржете ги луѓето кои имаат блогови, пдоравници како вашата, и оние кои прават пиво а верувам дека ги има, и знајте дека прават добра работа во промоција на културата на крафт пивата. Би сакале да видиме повеќе вакви пива во вашата земја и се надевам дека ќе ве посетам наскоро, зошто да не и на некој голем фестивал.

Наздравје и голема благодарност од тимот кој стои зад White Pony пиварницата до сите кои ќе ги причитаат овие зборови!

more info at:

WHITE PONY MICROBREWERY