Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ВОДИЧ НИЗ АВТОХТОНИТЕ ПИВА

Draftmag: Речиси секој регион и и култура низ целата Планета има свој посебен пристап на правењето на пиво. Американските пиварници копирале некои некои од тие домородни пива, но многу од нив си останаа во местото како автохтони пивски стилови. И може да се пробаат само таму каде што и се создадени.

 

КВАС

Потекло: Русија

Што е тоа: Тоа е народски кажано освежителен пијалок со мал удел на алкохол, Кисело пиво кое обично се продава на улични штандови. 

Од што се произведува: Ржано брашно, плус мента, или некое овошје како лимон грозје или јагоди кои ја ублажуваат киселоста на пивото. 

Вкус: Умерено кисел и често брашнест

ABV: 0,5 – 2%

Примери: East End Kwass, Fonta Flora Farm, Sparrow

CHICHA

Потекло: Средна и Јужна Америка

Што е тоа: кисел и млечен пијалок се пие во состојба на активна ферментација. 

Од што се прозиведува: Традиционално од сожвакана пченка (ензимите од плунката го разбиваат скробот на шеќери кои ферментираат.

ABV: 1-3%

Примери: Off Color Wari, Dogfish Head Chicha

SAHTI

Потекло: Финска

Што е тоа: Нефилтириран, непастеризиран ејл кој традиционално се конзумира за свечености разни. 

Од што се прозиведува: комбинација на житарки, (обично јачменов и ржен слад) плус хмељ и смерка во варењето, сладовината обично се филтрира низ гранките од смреката. 

Вкус: благ со карактер на хмељот и пратечка арома на банана.

ABV: 6-11%

Примери: Ale Apothecary Sahati, Dogfish Head Sahtea

GOTLANDSDRICKA

Потекло: од островот Готланд Шкотска

Што е тоа: силен ејл, во сродна врска со сахти и обично се верува дека го пиеле викинзите.

од што се произведува: димен јачмен на буково дрво и смрека. вода за кување на пивото често се вари со бобинки од боровинки 

Вкус: по димот и зачинитевсо силна арома на смрека

ABV: 5-9%

примери: Jester King Viking Metal, Off Color Class War

SHAKPARO

Потекло: Западна Африка

Што е тоа: Див ејл, со остатоци од квасец, кафено- виолетова боја кое традиционално го варат жените дома.

од што се произведува: Sorghum и millet – житни зрна слични на тревата, кои природно не содржат глутен.

Вкус:Овошен со блага киселост слична на јогурт и помалку житна.

ABV: 1-8%

Примери: Sprecher Shakparo

MBEGE

Потекло: Источна Африка

што е тоа: традиционален пијалок Chaggа, на етничката заедница од Танзанија. 

од што се произведува: банана, која се гмечи и кува во котел неколку саати плус брашно од милет и кори од дрвото msesewe, кое содржи кинин за горчина

Вкус Благ и кисел со финиш на банана

ABV: 0.4-5%

CHANG

потекло: Непал, Тибет

што е тоа: млечно бело пиво кое се пие ладно и топло

од што се произведува: јачмен, милет и ориз кои се куваат, сладовината ферментира со квасец два до три дена а потоа се цеди и меша со вода. 

вкус: кисел, овошен и вкус на квасецот. каде што наликува на нефилтрирано саке.

KEPTINIS

потекло: Литванија

што е тоа: темно брашнесто, некувано пиво кое се прави од печен слад, обично формиран како погача.

од што се прави: јачмен или зоб кои се печат плус хмељ и понекогаш и некој цвет и кора од дрво.

вкус: сладок и брашнест, со полно тело и можност за благо киселкаст вкус,

ABV: 5-6%

KUMIS

потекло: средна Азија

штое  тоа: пијалок кој повеќе наликува на вино отколку на пиво, произведено од превриено млеко (дестилираната верзија се вика arkhi)

Од што се прави: Сирово непастеризирано млеко ферментирано неколку саати или денови со квасец и закиселено со бактерии0

вкус: кисел, млечен и суптилно сирест

ABV: 1-2.5%

примери: Reverend Nat’s Kumiss Mongolian Milkwine

извор: Draftmag