Skip to content Skip to footer

ВО ФОКУСОТ: ПИВСКИ СТИЛ BRUT IPA, ШАМПАЊ ВО ПИВСКИОТ СВЕТ

BRUT IPA, или како што го нарекуваат шампањ во пивскиот свет, ја здогледа светлоста на денот кон крајот на 2018 година во Сан Франциско.

Неговиот креатор е Kim Sturdavant, главниот мајстор пивар од Social Kitchen and Brewery, го претстави на светот плодот од неговите долгогодишни обиди да свари исклучително сува ИПА, чии шеќери би биле сведени на минимална вредност. Терминот „Brut“ е превземен од винската терминологија, бидејќи опишува идентично особини како популарното пенливо француско вино.

Kim Sturdavant Sturdavant целта ја постигнал со со употреба на ензимот амилоглукозидаза, кој во пиварството до тогаш се применувал воглавно во производство на стилови со поголем процент на алкохол, како што е Imperial Stout. Улогата на ензимите е да да ги разредат сложените шеќери од сладовината, кој квасецот без негова помош не може да ги свари, со што се добива пиво со нешто посув вкус, и поголема содржина на алкохол. Тоа го навело на идејата да го примени истото и на неговата традиционална IPA, и го додал овој ензим после првиот круг од ферментацијата. Резултатот бил 0° Plato, сува, супер – ароматична арома, малку матно, но сепак светло ИПА пиво. На почеток се двоумел дали да го нарече „Champagne IPA“ но по консултациите со винските експерти се одлучил на Extra Brut IPA, или кратко Brut IPA.

Неговиот „експеримент“ одлично бил прифатен во САД, а многу бргу и на глобално ниво. По прифатената дефиниција, BRUT IPA е нешто погазирано, исклучително суво пиво, светло златна боја, обилно захмељено со ароматични хмељови, давајќи му арома и вкусови како на тропско овошје, цитрус, боровинки, додека профилот на сладот е речиси неутрален. Можно е користење на додатоци како пченичен слад и ориз, со што би се добила уште посветла боја и поголем процент на алкохол, или додаток на овошје за да се истакнат овошните ноти.

Денес, на речиси полни две години од неговото појавување на сцената BRUT IPA се вари во многу пивари низ целиот свет. Ние само може да сонуваме за вакви експерименти, но доколку некаде наидете на овој пивски стил не се двоумете. Иновативноста во пиварството е многу развиена и во нашето соседство, но за тоа во друга прилика.

извор: https://beerandbrewing.com/