Skip to content Skip to footer

„Eisbock“-ЛЕГЕНДАРЕН ПИВСКИ СТИЛ, ОТКРИЕН СОСЕМА СЛУЧАЈНО

Како и повеќето досега откриени деликатесни гастрономски специјалитети, така и откривањето на овој пивски стил се случил сосема случајно.

 

ИСТОРИЈАТА НА EISBOCK

 

Според приказната која што ја раскажува пиварницата Reichelbrau Brewery во Кулмбах, Баварија, која што е најпознатиот производител на овој пивски стил, сето тоа започнало во 1890 година, кога чиракот го заборавил во буре нивниот тогашен бок (умерено силен Германски лагер стил) надвор во текот на зимата. Кога главниот пивар го пронашол бурето следното утро, во внатрешноста на бурето имало мраз. Иако водата беше замрзната, алкохолот за среќа останал високо зад концентрираното пиво, а бурето имало екстра 200 килограми вишок.

И така е роден eisbock, или „замрзнато пиво“. Во процес познат како дестилација на замрзнување, каде што замрзнатата вода се одделува од алкохолот и шеќерите, што резултира со сладок и многу потентен пијалок. Eisbock обично содржи од 9 до 15% алкохол, богат вкус на сладот и наликува повеќе на ликерите. Идеален пијалок за студените зимски денови.

 

Треба да се напомене дека eisbock и „ice beer“ не е иста работа. Во 90-тите години од минатиот век модифицираната форма на ладната дестилација, стана многу популарна како еден друг начин да се прави лагер пиво во Соединетите Американски Држави. Овие пива обично го содржеа зборот „мраз“ во нивните имиња па така ги нарекуваа Natural Ice, Bud Ice, Miller Ice… но тие се сосема поинаков стил од eisbock. За разлика од традиционалниот германски стил, пиварите чекаат овие пива да станат само бледи, а тој пијалок ни малку не е сличен како оригиналниот eisbock.

Денес eisbock е еден од ретките пивски стилови кои опстојуваат денес, поради трошоците и напорите кои што се резултат на неговото производство.

Насоките за Eisbock како пивски стил се поставени и на Beer Judge Certification Program (BJCP) Style Committee а подолу се деталите и карактеристиките за тоа што треба да претставува Eisbock.

карактеристики
Опсег на боја: 18-30 SRM
оригинална гравитација: 1.078-1.120 OG
финална гравитација: 1.020-1.035 FG
IBU опсег/ниво на горчина: 25-35
ABV или процент алкохол: 9.0-14.0%
Појава: Опсегот се движи од црвено бакарна до црно кафена боја, прекрасна чистост, пената е делумно бела и кремаста.
Арома: Алкохолната арома е балансирана со длабок вкус на сладот и силно изразени овошни естери. Нема горчина на хмељ.
Вкус: Доминира сладот, балансирана блажина, забележителни ноти на тост, карамел и чоколадо. естери од црните овошја, незабележително присуство на хмељ.
вкус на непцето: Полно тело со ниско ниво на карбонација.
температура на служење и сервирање: 10 – 15°C
рок на траење: 5+ години
препорачана чаша: Snifter
спарување со храна: свинско месо, димена мисирка, одлежано гауда сирење или лимбургер сирење, германска чоколадна торта или крем бурле

најдобар комерцијални типичен пример  Aventinus Eisbock , Kulmbacher Eisbock

Но, оригинално потекнува од регионот Einbeck , Германија пред повеќе од пет векови со што технологијата се менувала постојано.