Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ALTBIER, НАЈСТАРИОТ ГЕРМАНСКИ ПИВСКИ СТИЛ

Се произведувал во историскиот регион Вестфалија, и во околината на градот Дизелдорф, Името означува дека станува збор за пиво со горна ферментација, според еден од најстарите методи на ферментација при производството на пиво.

ALTBIER е едно од ретките историски стилови на пиво, заедно со светлиот kölsch кој по потекло е од околината на Келн и пченичните hefeweizens пива од Баварија. Се работи за свежо, чисто, вкусно и полно пиво, и вообичаено содржи 4,7% до 4,9% алкохол по волумен, има бакарно кафена боја, цврста бела пена, со слатко горчлив финиш на крајот. Altbier еволуираше и опстојуваше со векови во околината на метрополата Рајна во Дизелдорф. Додека Јужна Германија е позната по своите лагер пива, Рајнската област, исто како и соседната Белгија е позната првенствено по своите але пива, односно ејлови. „Alt“ значи „старо“, алузија на стариот начин на производство на пиво, пред појавата на пивата со долна феррментација, односно лагер пивата.  Модерното алтпиво го стекнало своето име на популарност само во 1800 година, кога овој оригинален Дизелдорфски стил станал „загрозен“ од појавата на новите пива – лагерите од Баварија и Боемија, кои што се транспортирале таму со подобрувањето на железничката линија.

Аltbier е уникатен стил на пиво, и затоа има потреба од „ладна“ ферментација, од специјален квасец кој најдобро функционира на во температурен опсег помеѓу 13 ° C и 19 ° C. Иако повеќето други але пива ферментираат многу побргу и на повисоки температури помеѓу 15 ° C и 25 ° C а повеќето од лагерите ферментираат поспоро и на пониски температури помеѓу 8 ° C и 13 ° C. затоа ферментацијата на алтбиер пивата е некјаед помеѓу. Поради ваквиот процес на ладна ферментација, квасецот генерира помалку нус производи како естери и други алкохоли. Покрај тоа, после ферментација, алтбир за разлика од класичните британски але пива, на пример, но и како класичните баварски лагери, одлежуваат од 4 до 8 недели на околу 2 ° C до 5 ° C. Ова бавно, лагерско созревање овозможува квасецот да реапсорбира голем дел од малите количини на естри и алдехиди што ги воведе во примарната ферментација. Приготвено правилно, резултатот од оваа комплексна техника на варење е невообичаено меко и чиста вкусно але пиво со исклучителна питко.

Altbier традиционално се служи на околу 7 ° C во цилиндрични чаши со волумен од 0,2 до 0,4 l 

типичното алтбиер е со длабока бакарна боја кон светла махагони боја, која што е резултат на разните количини на сладови кои се додаваат како Минхенскиот и Виена сладот. Некои алтпива се направени и со пченичен слад, кои на пивото му даваат цврста и стабилна пена. Но некои стилови се направени 100% од само еден слад Минхенскиот на пример. Печениот слад е ретка појава, а некогаш го користат за боја и вкус н апивото. Хмељови кои што се користат за овој стил се Halltertauer или Tettnanger.Овие сорти на хмељ му ја даваат благата горчина на пивото, и некои цветни ароми на непцето. 

историски гледано, модерното алтпиво еволуирало од северните Германски але пива, кои биле типични за тој регион во средниот век. Тогаш овие пива биле силни, и имале имиња како Бројан и Кетебиер, кои често содржеле големи делови од пченица, најмногу 40%. Овие средновековни пива биле од големо економско значење во тие денови, бидејќи тие служеле како клучна трговска стока за Ханзаатската лига, европскиот трговски конгломерат на слободни градови што цветале меѓу 13 и 17 век. Зачуваниот рекорд од 1540-41 на Дизелдорф бележи постоење на 35 пиварници, кои претежно произведувале Keutebier. Бидејќи овие занаетчии биле запознаени со квасец, тие често ги земале лебот и пивото, а во Дизелдорф во 1622 година бил формиран првиот еснаф во форма на здружение на пиварите и пекарите за да се заштити интегритетот на локалното пиво.

Четири пивници ја сочувале традицијата на одлежувањето на алтпивото и до денес. Сите се наоѓаат во околината на Дизелдорф, Во 1838 година, Матијас Шумахер го отвори најстариот паб за алтпиво. Во 1850 година, Јакоб Шенгер отворил пиварница и пекарница, која денес епивницата „Зум Шлисел“, а во 1855 година, Хуберт Вилхелм Цуртен, исто така пекар со пиварски амбиции, отворил алтбиер паб „Зум Уериге“. До 1860, во Дизелдорф имало околу 100 алтбир пиварници. До крајот на Првата светска војна остана помалку од половина; до крајот на Втората светска војна имало само 18, од кои сите оттогаш биле откупени од големите концерни. Само четирите пивници, Шумахер, Им Фухшен, Зум Шлисел и Зум Уериге, остануваат независни и до ден денес.