Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

УСПЕШНО ИЗДАНИЕ НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПРВИОТ „КРАФТИНГ-ПИВСКИ САЛОН“ ВО МАКЕДОНИЈА

На 22 Декември се случи и отварањето на вториот дел од првиот Крафтинг Пивски Салон во Македонија, на кој учество земаа 15 тинапроизводители на домашно пиво и сајдер, како 3 те помали пивари во Македонија, крафт пиварата Темов, Староградско пиво и Наше Македонско пиво. 

 

Во рамките на настанот имаше и една трибина на која се дискутираше за регулирање и релаксирање на регулативитите околу новиот закон за акцизи а на која присуствуваа претставници од Царинската Управа, од Агенција за Храна и Ветерина и производители и учесници. Воедно ова беше и прва јавна промоција на активностите на порталот „Сакам Пиво.мк“ 

Во 15 часот продолжи настанот на кој учествуваа 15 производители на домашно пиво и за прв пат домашен Македонски сајдер. Исто така настанот доби поддршка и од крафт пиварата Темов, како и од бутик пиварата Староградско и свежо точено Наше Македонско. Во едно пријатно саботно попладне и прекрасна атмосфера се покажа и докажа дека пивото има свои приврзаници кои сакаат да го дегустираат и на едно повисоко ниво и во било кое годишно време може да се пие пиво, а не само преку лето. Со влезницата добиваа брендирана стаклена чаша со која сакавме да го подигнеме нивото на конзумирање на пиво на настани од ваков тип и да ја намалиме употребата на пластиката. 

Посетителите за прв пат имаа можност на Пивскиот Салон пробаат околу 20 тина пивски стилови кои сеуште ги нема на пазарот во слободна продажба. Токму по тој повод се одржи  и една дебата односно трибина на која се дискутираше за актуелната состојба околу новиот закон за акцизи и за релаксирање на регулативите во интерес на намалување на невработеноста, зголемување на економијата, збогатување на понудата на пазарот и секако сето тоа повлекуав и развој на пивскиот туризам

Сакам пиво ќе продолжи и понатаму со истата љубов, страст и посветеност и во иднина во организирање на вакви слични и помали настани, на кој ќе се претстави еден нов начин на дегустација на пиво со спарување со различна храна, развој на пивскиот туризам со директан посета на производителите на пиво, посета на разни фестивали во регионот и крафт пивари во регионот.

 


ОТВАРАЊЕ НА „КРАФТИНГ ПИВСКИОТ САЛОН“

Огромна чест ми е и задоволство да го отворам Крафтинг Пивскиот Салон на првиот ден од зимата 22 Декември и да ви се заблагодарам за Вашето присуство. Се работи за една идеја и еден концепт кој го разработувавме со Николче од Слоу Фуд Македонија уште од 2014 година, а тоа е развој и поддршка на малите традиционални производители на домашното занаетчиско пиво. Период кога и самите ние не знаевме колку не има на број и кој се се занимава со оваа дејност и беше навистина тешко да се реализира еден ваков настан. Со моето претходно искуство од раководењето на Пивотеката онаа мала специјализирана продавница за пиво, почнав да ги запознавам луѓето кои си прават пиво по дома, чисто од хоби. па така се запознав со Трајче кој е денес тука присутен меѓу нас, со Димитар кој тогаш беше сеуште студент а денес е со големо искуство, со Горјан кој од голем ентузијаст прерасна во професионалец , Александар кој исто така е овде меѓу нас и дел од организацијата на овој настан со најголемо професионално искуство како мајстор пивар. Во 2016 година во Битола со Слоу Фуд ја организиравме и првата јавна работилница Мастер за храна и го презентиравме водичот на Чисто , коретно и добро пиво, а во која посетителите имаа можност да го слушат излагањето но и дегустирањето на домашни пива. Во 2017 година исто така во Битола во задруга артикултура го имавме првиот помал собир на неколкумина производители на домашно пиво, а во Март оваа година во локалот Кашмир беше првиот знак дека нешто сериозно се случува во оваа дејност. Овој денешен собир е резултат на мартовското издание на Крафтинг Македонија и 2 дел од овој серијал на настани кои планираме да ги реализираме во иднина. Собир кој не би се случил доколку не ја исполнивме посакуваната бројка на конкурост кој го отворивме 2 месеца претходно и на кој не се пријавија овие денес 15 учесници кои беа спремни да го споделат со јавноста тоа што го куваат во своите домови и подруми а кои ги има во овој салон. Голема благодарност до Александар Матевски, Трајче Митревски, Марјан Китановски, Димитар Блажевски, професор Дане Бошев, Слободан Темелков од Велес, Пеце Цветковски и марјан бакревски професорот по кларинет од Битола, Даре Трајковски, Петар Талевски, Филип Кировски, Зоран Ѓуровски, Иван Манаковски и Димо Попчев. Исто така би се заблагодарил и на Ставрос Зографос учителот од Лерин кој поради празниците не можеше да дојде овој пат но вети на следното наше интернационално издание во месец Март.

Исто така би сакал да се забагодарам и на тимот на Слоу Фуд Водно, Слоу Фуд Битола, на нашите пријатели и партнери крафт пиварата ТЕМОВ, Староградско пиво и Наше Македонско Пиво, на Винарија Попов, на градско такси Глобал, на дистрибутерот на преубавите маслинки Александрос од Скопје со кој исто така имаме планови во иднина и секако до Кинотека на Македонија кои ни овозможија да го реализираме настанот на овој простор.

Ви посакувам да си поминете едно пријатно саботно попладне и ден кој ќе остане во вашите спомени.

џ

 

текст: Марјан Костадиновски
Фотографија: Верче Стефановска