Skip to content Skip to footer

УЛОГАТА НА ЖЕНАТА ВО ПИВСКИОТ СВЕТ

Своевремено, филозофот Платон имал изјавено дека оној кој го измислил пивото, бил мудар човек. Тој не беше во право, бидејќи тој човек беше жена. И тоа мудра жена. Да, пивото е измислено од жените. И не само што се одговорни за тоа откритие, туку нивните придонеси низ историјата за производството на пиво исто така беа клучни во неговиот развој. Човекот пивото го конзумира пред 7000 години и уште тогаш оригиналните мајстори на пивото биле жените. Од Викинзите до Египќаните жените освен за религиозните церемонии го произведувале и за свои домашни потреби, бидејќи било богато со калории. Ги мешаа житните култури со вода и некои билки, ги вареа и од таа мешавина, водена од потребата за исхрана се појави пијалок кој што ферментира на спонтан начин. Британската историчарка Џејн Пејтон (48) спровела опсежно истражување кое покажало дека мажите во пиварите и пивниците почнале да доминираат уште пред 200 години. А историјата вели дека пред некои 7000 години во државата Сумер во Месопотамија, женската вештина на подготовка на пиво била до толку важна што само на нив им било дозволено да работат на пивото и да ги водат таверните. Во древните општества пивото секогаш се сметало за храна и дар на Божиците, а не и на Боговите. Најстариот пишан запис за пивото е во Химната на Нинкаси кое што датира од античка Месопотамија (Нинкаси била Божица на пивото и пиварството) а во химната бил наведен првиот рецепт за пиво. исто така во Античка Месопотамија божицата Хатор била заштитничка на пиварите и во нејзина чест се правел фестивал посветен на „пијанството“. Уште еден факт е дека една монахиња Хилдегард Вон Бинген (ботаничар, теолог, писател и пивар) која што живеела во Средниот Век во Германија, пишувала за хмељот, во 12тиот век и го додавала како состојка во пивото во нејзините рецепти. Од Каменото Време до 1700 година и подоцна, пивото беше неизоставен дел речиси од секое семејство во Англија и делови од Европа, бидејќи ги содржеше сите потребни витамини, полно со јаглехидрати и протеини. Подоцна оваа вештина се пренесе и во продажбата. Вдовиците и невенчаните жени беа одговорни за продажбата и да заработат екстра пари, додека мажените жени соработуваа со своите сопрузи за да го водат бизнисот. Ако се вратиме назад во Средниот Век во времето на Ренесансата, и отидете на пазар во Англија, веројатно би сте сретнале со една необична глетка : жени кои носат високи шилести капи кои во повеќето случаи стоеле пред своите казани. За некого овие жени биле вештерки, но вистината е дека тие всушност биле мајстори на пивото. Тие ги носеле тие капи на пазар за да бидат лесно препознатливи за нивните клиенти и го транспортираа својот пијалок во казани. И оние кои го продаваа пивото надвор од своите продавници, со себе носеа мачки и тоа не за да ги бркаат демоните, туку за да ги држат глувците подалеку од вреќите со жито. Но, веднаш потоа започна инквизицијата во делови од Англија, Ирска и остатокот од Европа. Фундаменталистичкото религиозно движење кое потекнува од 16тиот век , проповедаше построги родови норми и го осудуваше вештерството. Тоа беше вистинска шанса за да мажите го превземат производството во своите раце. Овие мажи ги обвинија жените кои произведуваат пиво дека се вештерки и дека ги користат котлите за да произведуваат волшебни пијалоци наместо алкохол.

фотографија од Мother Louse или alewife изложена во Британскиот музеј oд 17тиот век.

Со текот на времето тоа веќе станало опасно и тие кои се занимаваа со тоа беа обвинувани за вештерство кое што резултираше со смртна казна, сепак има и такви мажи кои не веруваа во тоа. Во 15тиот век во повеќето градови во Англија се оневозможи продажбата на пиво од страна на жените. Оваа иконографија и игнорирање на жените траеше со векови. Во топ 10 од пивските компании во светот во Извршниот одбор лидери се мажи. Главите компании го третираат пивото како пијалок на мажите. Оваа родова разлика опстојува и кај некој од помалите занаетчиски пиварници. Една студија од Универзитетот од Станфорд открива дека 17 % од занаетчиските пиварници имаат по една извршна директорка, само 4 % од овие бизниси вработуваат по една жена која што е главен мајстор пивар, или стручен надзорник кој што го контролира процесот на производство..

Американската пивара COORS доделува 150 лименки пиво на 93 годишна жена од Пенсилванија

ЖЕНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ПИВНИЦИ, ПАБОВИ И ПИВАРНИЦИ

Во Прага на Бетлхемскиот плоштад постои зграда која се нарекува “U Halanku” во која денес се наоѓа музеј, и уште од 14-тиот век е втемелена и пиварница. Светска слава зградата добива после 1826 година кога станува сопственост на Ен Фингерхут, која заедно со својот сопруг ја купува за 27 илјади златници. Можеби најзвучното име помеѓу Чешките пивници “У Флеку” датира од 1843 година, но познатиот ресторан со сопствена мини пиварница е од времето на откривањето на Америка кога го основа Вит Скрземенц. Ѕвездените моменти гостилницата ги доживува под управа на неговата наследничка Лудмила Скрземенцова или позната како “златна дама” која имала четири сопрузи од кои четворица биле „производители на слад”. И во најтешкиот период, пивницата го водела жена, вдовицата Катерина Улричова. И во Германија, најпивската земја на планетата, каде и да се свртите насекаде се жените. Од оние најголемите до Катарина Вон Бора, најозборуваната пиварка во историјата на јачменовиот сок. нејзиниот брак со Мартин Лутер Кинг го внесол пивото во „живот“, а него го ставиле на пивските етикети,
Ниту сите други средини не биле имуни од женското владеење со пиварството, па така забележано е дека уште во 18-тиот век во Англија дури 70 % жени имале лиценца за производство на пиво. Но, во многу други краишта тоа било период кога мажите доминирале во пиварството, продолжувајќи го трендот започнат во средновековниот обичај да пивото се прави во манастири.

Но како што го правеле тоа пред двеста илјади години, жените и денес се повеќе ја контролираат индустријата на пиво, па така во Американскиот Масачусетс, во пиварниците врие од жени на сите клучни позиции од сопственици, до партнери, менаџери, до водење на производство и продажба,

ДУХОВНИ УМОТВОРБИ

Машко – шовинистичките квази духовни умотворби на односот помеѓу пивото и жената ни се веќе добро познати. Да се потсетиме само на некои моменти кои велат дека пивото е подобро од жената, како на пример: пивото никогаш не вели не и од него немате главоболка, со него секогаш знаеш колку ќе те чини, никогаш не доаѓа предоцна, можеш да го споделиш со пријателите, и не те прашува колку заработуваш.

Додека американските љубители на жените го возвраќаат ударот со десет контра причини поради кои жената е подобра од пивото: потсетувајќи ве дека пивото нема да ви ги чува децата кога одите на тенис, дека топлата жена е многу подобра работа од топло пиво, а исто е и со ладното, и дека за да пиеш пиво мора да имаш 21 година.

Дека сето тоа не го намалува преголемиот јаз помеѓу пивото и поубавиот пол, покажуваат податоците од едно истражување според кое мажите за цели 65 % се целосно наклонети кон пивото за разлика од жените, и второто кое вели дека точно две третини од жените пијат најмалку едно пиво месечно, но дека тоа го прават и речиси 91 % од мажите. Според тоа жените се друштвени, и во 70 % од случаите своето пиво сакаат да го споделат со уште некој пријател, додека тоа не е услов кај помалку од половината мажи. Исклучително дома пивото го пијат десетина машки, а четвртина женски конзументи. Во популацијата на возрасни млади луѓе, пивото е помодарски пијалок, кој со 37 % далеку ги надминува останатите алкохолни пијалоци, но додека кај момчињата тој податок е на 58 %, кај девојките е на 13 %. На нив, рекле во едно истражување на германскиот пазар, им пречи растителниот вкус на пијалокот и неговиот силен машки имиџ. Токму поради тоа големите пиварски конзорциуми почнаа да произведуваат брендови и вкусови со кои ќе се доближат до понежниот пол. Така Американската пиварница Anheiser Bush, приозвела за женскиот пол пиво Bud ultra light, со помалку калории и алкохол, широка кампања за обука во приближувањето на тој пијалок на жените, советувајќи ги притоа како треба да им се понудат полесни типови на пиво, да им се објасни разновидноста на палетата, да не им се дава ледено ладно пиво. Американската пиварница Majestic brewery од Лујзвил Колорадо, го произвела пивото Anu, наречено според прамајката на Келтите, кое има помалку калории од повеќето други, и тврди дека покрај посебната технолошка постапка тоа пиво е совршена алтернатива на виното, но не објаснувајќи зошто. Но, карактеристичен е и хуманиот аспект на ова пиво, а тоа е дека од секоја палета со по 24 картони еден долар оди во фондот за истражување на ракот на дојка.

На еден саем на пиво во францускиот град Стразбур, приреден е натпревар во препознавање на десет видови на пиво на кој можеле да учествуваат само жени. а и жири комисијата била составена само од жени. Со сите овие показатели денес се стигнува и до бројка која вели дека повеќе од четвртината жени се во популацијата на љубители на пиво. Според Берлински Моргенпост, пивото се повеќе е омилено кај жените и тоа дури 60 % од оние кои со задоволство го пијат, а третина од нив го прават тоа редовно. Според други истражувања пивото го пијат пред се млади дами, на возраст од 30 до 50 години, кој во него обично уживаат во друштво со пријателите. Меѓу повеќето од дваесетина видови на пиво жените преферираат светло пиво, а дури потоа доаѓаат специјалитетите, како пченично, односно бело пиво, темното па дури и безалкохолното. Коментирајќи ги резултатите од анкетата на Јоким Шулц од Агенцијата се истакнува дека трендот на популарноста на пивото го носат млади образовани жени, со либерални погледи, и дека не е можно да се направи значителна разлика помеѓу селската и градската популација. Исто така тоа што може да се забележи од резултатите на тоа истражување е дека машките пијат што им дојде под рака, а жените внимателно ги селектираат кое пиво ќе го испијат, и дека во повеќето случаи самите си го набавуваат пивото. И дека се повеќе го прават тоа и на јавни места.

Денес се надминаа тие родови разлики и жените се се повеќе присутни на пивската сцена, од пивски сомелиери, пивски едукатори, брумастери и интернационални пивски судии, женски здруженија и асоцијации.

Марјан Костадиновски

Во прилог дел од приватната архива на фотографии и личните познанства со жени од пивскиот свет

Херлинда Херас, САД, Интернационален пивски судија, и патник, ко-хост на радио програма Brew HaHa On KSRO radio talking Beer, Food & Travel, Римини Birra del Anno Beer and Food Atraction 2020
Лево Ана Борели Италија, интернационален пивски судија и сомелиер, десно Лоренцо Дабове Куаска (интернационален пивски судија и пивски гуру), Ринини 2020 Birra del Anno Feer and Food Attraction
Жизел Рускано International Business Manager at Science of beer- Educação em Cerveja
Instituto da Cerveja Brasil и Аманда Реитенбах пивски едукатор Science of beer- Educação em Cerveja и основач и менаџер на Beer Summit, Бо Јансен, Холандија интернњационален пивски судија, Белгика 2019 Brussels Beer Challenge
Maria Sol Cravello
Argentina
Beer Knowledge and Education Manager ABInBev LAS Cicerone® Certification Instructor for South America BJCP Judge
Microbirificio JEB Италија, Мариа сопственик и мајстор на пивото