Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ТРЕНДОВИ: ПИЈТЕ ПОМАЛКУ НО ПИЈТЕ ДОБРО

Традиционално виното е општо прифатливо како софистициран пијалок, додека за пивото се смета за вообичаен пијалок. Ова сепак е една од многуте заблуди за пивото. Исто како и тоа дека пивото се смета како лесен освежителен пијалок. За среќа сите овие тези денес се менуваат.

 

Со престојниот тренд на занаетчиски пива, луѓето се повеќе се интересираат за пивото и целото искуство околу него. Има толку многу вкусови кои треба да се откријат во овој прекрасен пијалок, толку многу ароми кои што луѓето не ги осетиле до сега во ниту еден друг пијалок. Погледни, помирисај, пробај, голтни…Светот на пивото е богат со овошни ароми, и ароми од сладот и житарките. Затоа дегустацијата на пивото е исто толку комплексна и сериозна како и дегустацијата на виното.

Затоа денес трендот е пијте помалку, но пијте добро и квалитетно, со посебна љубов кон занаетчиските пива.

Не е тајна дека занаетчиското пиво добива на популарност. Каде и да погледнете се зголемува бројот на малите производители, а со тоа и локали кои прифаќаат да ги продаваат нивните производи. Највизуелниот тренд кој што оди во овој контекст е ‘пијте помалку, но пијте добро’. Луѓето повеќе не излегуваат за да пијат еден тон од комерцијалните „пилснери“ . Излегуваат и нарачуваат пиво кое што им се допаѓа, па дури и бараат совети од келнерот за тоа кое пиво би одговарало на неговиот вкус. Кога ќе го добијат пивото тие навистина одвојуваат време да уживаат во неговите вкусови и да разговараат за него со другите луѓе од масата. При тоа воодушевени од неговиот вкус, изглед не забораваат и да го постираат на социјалните мрежи со сите импресии од неговото вкусување.

Исто така, гледаме дека се повеќе луѓе се интересираат и за приказната која што стои зад самото пиво, Тие ги познаваат оние кои го произведуваат пивото, знаат кои состојки ги има во него, и кој стил најмногу им одговара. Дури и комбинацијата помеѓу одредени стилови и видови на храна игра значајна улога и добива на важност.

ПИВОТО Е САМО ЗА ВО ЛЕТО?

Уште една од големите „заблуди“ е дека пивото е типичен летен пијалок. Ако тоа се однесува за лесните лагер и пилснер пива, како и пченичните weizen пива кои што обично сакаме да ги пиеме изладени, тоа не важи за темните пива како triple IPA, Stout, Porter, Barley Wine, Imperial Stout, Double трапистите и сл. Овие пива најдобро се спаруваат со потешки и потопли јадења кои што вообичаено ги јадеме во зимските денови. За комбинациите на пиво со сирење, или пиво со чоколадо сме пишувале и организирале неколку дегустации на таа тема. Затоа сметаме дека пивото дефинитивно не е само летен освежителен пијалок, туку пијалок во кој што може да уживаме во секој месец и во секој период од годината во зависност од тоа каков стил сакаме и го имаме на пазарот.

ТРЕНД НА БЕЗАЛКОХОЛНИТЕ ПИВА

Не само што занаетчиското пиво е во пораст, туку во благ пораст е и трендот на безалкохолното пиво. Ова е поврзано со здравиот начин на живот, кој што моментално се прифаќа во светот. Луѓето се повеќе се свесни за здравствените ризици од огромното количество на консумирање на алкохол, па затоа имаат тенденција на замена на безалкохолните пива. Според порталот Beverage Daily дневната потрошувачка на безалкохолните пива се зголеми за 4% а со тоа и потрошувачката на нискокалоричните пива.

М.К.