Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ТРАПИСТИЧКИТЕ МОНАСИ ПОЧНАА ДА ПРОДАВААТ ПИВО ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

WESTVLETEREN, Belgium (Reuters) – Белгиските Трапистички монаси кои го произведуваат едно од најскапите и најценети пива во светот, се насочија кон интернет трговијата за да се осигураат дека нивната ограничена понуда оди директно до вистинските љубители на нивното пиво, а не на профитерите.

Опатијата Сент Сикстус ((The Saint-Sixtus abbey) е дом на 19 монаси, коишто со пиварство се занимаваат од 1839 година, а за публиката почнаа да го продаваат од 1878 година, но со лимитирано производство и со контролирана продажба за да никогаш производството не го наруши и не надвладее над монашкиот начин на живот или заработи повеќе од потребното.

После Втората Светска Војна, пивото можеше да се купи директно од пиварата, и во некои локални гостилници.

Со порастот на занаетчиското (крафт) пиво и веб сајтовите кои го продаваа пивото Вестлетерен XII (Westvleteren XII ) како едно од најдобрите пива во светот, монасите започнаа со телефонски систем за резервирање во 2005 година. 

 Brother Manu van Hecke, the abbot of St Sixtus abbey, stands near bottles of Westvleteren beer at the bottling plant. Photograph: Yves Herman/Reuters
 

На конзументите им беше дозволено да купат само две гајби директно од манастирот, но беа ограничени на не повеќе од едно купување во рок од 60 дена. Во една таква прилика додека работеше Пивотеката во Скопје, резервирав две гајби преку мои пријатели од Белгија кои ми го донесоа во 2012 година.

Купувачите откриваат разни начини како да ги заобиколат правилата, користејќи различни телефонски броеви со цел да купат повеќе од дозволеното, а во некои случаи да ги продаваат и по „надуени“ цени. пример бидете среќни доколку го најдете ова пиво по цена од 25 евра за шише. .

Игуменот Ману Ван Хеке, изјави дека благодарение на сивиот пазар, некои купувачи на пивото му ставеле огромни маржи. Вклучувајќи го депозитот, гајба од 24 пива чини 2,50 евра по шише, односно 150 денари директно од манастирот. Монасите бараат купувачите да не ги продаваат на трети лица, но во Брисел, Вествлетерен XII може да го најдете за најмалку 12 евра. 

Монасите велат дека слушнале за едно шише кое што било на продажба за 300 долари во Дубаи.

 Two of the varieties of Trappist beer brewed at St Sixtus abbey. Photograph: Yves Herman/Reuters

Отец Годфрид вели дека последната замка се случила минатата година, кога еден синџир на холандски супермаркети стигнал некако до 7200 шишиња и во еден ден ги продал во рамките на една кампања по 9,95 евра.

„Тој случај навистина ни ги отвори очите и еден вид повик да се разбудиме и сфатиме дека проблемот е толку сериозен, што една компанија може да купи толкави количини. Тоа навистина не вознемири“  рече Годфрид, еден од ретките монаси кои исто така го пие пивото.

Опатиајта сега се насочи кон Интернет трговија со систем за онлајн резервации дизајниран така да подобро ја лимитира продажбата на 2 гајби во рок од 60 дена. Купувачите ќе мора да се регистрираат, и приоритет ќе им се даде на оние кој најдолго чекаат од последната набавка. 

За прв пат тие исто така ќе имаат можност да избираат микс пакет од трите Westvleteren пива 5.8% blond, 8% ale, и нивното најценето 10.2% dark alе.

Монасите веќе го научија системот кој треба да се пушти до крајот на овој месец и свесни се дека нема да ги елиминира профитерите, но барем ќе им го отежне купувањето на поголем дел од нив.

Тие, исто така, се надеваат дека новиот систем ќе им олесни на странските љубители на пиво да нарачаат, иако тие сепак ќе мора да дојдат во опатијата за да го соберат своето пиво.

Произведуваат 6000 хектолитри годишно и имаат приближно 42 дена производство.