Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ТОМИСЛАВ ПРАЊИЧ, СТРУЖАНЕЦОТ КОЈ САКА ДА ПИЕ ПИВО И КОЈ САКА ДА ЈА ПРЕНЕСЕ КУЛТУРАТА НА ПИЕЊЕ ПИВО, ВО ХРВАТСКА

Томислав Прањич е стружанец кој на свои 18 години замина за Хрватска и денес е еден од оние кои ја шират културата на пиење пиво и почитувачи на крафт револуцијата. Организатор е на фестивалот на занаетчиски пива во Медулин, местото од каде што во моментов живее и работи и сопстевник на концептуалниот бар Stellabeer to go. За што се работи конкретно ќе дознаете во кратиот разговор кој следи…

 

По потекло си од Струга, кога замина за Хрватска и која беше тогашнаата мотивација?

– Точно така, роден сум во Струга и детството и пубертетските години ги проживеав таму. Кон Струга, како по мене најалтернативен град во тоа време во Македонија ме влечат многу пријатни сеќавања. Но живото тпишува секакви приказни па со 19 години и поради економски причини се преселив во хрватска поточно во 1996 г.

Како започна твојата љубов кон пивото, се надеваше ли воопшто пред тоа дека ќе влезеш во овој бизнис или сето тоа се случи спонтано?

-многу често ми го поставуваат тоа прашање. А одговорот кој следи не е баш типичен. Некаде 2006 г јас и мојата сопруга заедно со мојот венчан кум отворивме фамилијарна фирма која се трудеше на нашите гости да им го презентира она најдоброто што Хрватска во тоа време го имаше на ено- гастро сцената. Така да нашиот фокус беше на виното и маслиновото масло. Но некако бевме нестрппливи и баравме нешто ново за да ја збогатиме понудата откривме дека неакде во Русија постои систем за точење на пиво во флаша или (growlery).Најискрено во тој момент не знаев многу за пивото, а посебно за специјалните пива. Денес од оваа перспектива можам да кажам дека пивото и пивската култура за мене не се бизнис туку начин на живот. Исто како некој кога ќе стане вегетаријанец или веган поради здравјето така и јас денес пијам само крафт пива.

кога започна со концепот Beer to Go, имаше ли сопствен увоз претгходно или се интересираше само за локалните увозни брендови?

-Beer to go концептот е нешто што ние како Stella beer shop први го воведовме во цела Европа, Тое е една интересна технологија која ни овозможува да на нашите клиенти во секој момент им нудиме свежо занаетчиско пиво, со идентични карактеристики како во пиварница. Во моментов без лажна скромност можам да кажам дека имаме најширока палета на пива која во овој момент изнесува и повеќе од 320 етикети. Фокусот на нашето дејствување се локалните па регионалните брендови и се трудиме максимално да ги промовираме. Можам да кажам со многу задоволство денес гледам на глобалниот успех на Змајска пиварница или како  San servolo го покори пазарот, затоа што и едните и другите своите први чекори ги направија кај нас. А да, се разбира на нашата публика секоја година им подготвуваме многу новитети од Европа и целиот свет.

според тебе дефиниција за крафт пиварството…или занаетчиското пиварство? предности недостатоци…?

-Овдека кај нас многу често се водат расправи околу дефинирањето. Што е тоа крафт или занаетчиско пиво. Јас лично сум поборник на дефиницијата која е донесена од страна на американското здружение на мали независни пиварници и која вели дека пивото на етикетата може да го носи називот крафт ако 80 % од сопствеништвото на фирмата е во рацете на мајсторот пивар и дека ниту еден процентен поен не смее да биде во сопственост на мултикомпанија. Е сега тоа е тоа чисто математички или бизнис, но пак велам лично за мене крафот е начин на живот, тоа е еден вид на бунт кон конфекцијата и многу често го споредувам со ПАНК движењето. Занаетчиското пиво ги поврзува луѓето на еден многу интимен начин. Многу интересно е да видите како кога ќе дојде некое пиво од далечниот свет како ние го делиме. Буквално само за да се помириса и проба. Крафот е креативност и по емне тоа е најголемата предност плус квалитетот кој е неоспорен…а недостатоците се иако јас не ги сметак мамо ендостатоци се малите количини .

Виновник си за крафт револуцијата во регионот каде што моментално живееш во Медулин , Истра, минатата година го организираше првиот фестивал на занаетчиски пива, задоволен ли си од постигнатото, од ефектот и какви се очекувањата од тој аспект во иднина ,

-Еден од!!!Точно така лани во септември по прв пат го организиравме Medulin Craft Beer Festivalot на кој исто така по прв пат во Хравтска се представија 20 независни пиварници од 6 Европски земји. На нашата публика во тој момент им представивме повеќе од 50 пива на Тап и повеќе 250 различни пивски етикети. Енергијата и љубовта која публиката ни ја врати и покрај 3 сериозни дождови за време на фестивалот се најголемата победа на независното пиварство. Она што посебно радува е интересот за работилниците кои ги организираме и за кои се бараше место повеќе.

Иднината е многу близу, на 02 и 03 септември Медулин е повторно крафт беер мека во регионот овој пат со повеќе од 35 независни пиварници од десетина европски земји. Мислам дека револуцијата ја завршивме и сега е време да ја славиме пивската култура. Многу ме радува кога ги гледам моите клиенти во дуќанот како го туркаат носот во чашата и се трудат да ги препознаат сите мириси на пивото. Тоа е знак дека сме на вистинскиот пат. А јас лично сметам како и ние од МЦБФ секогаш ќе се трудиме да поствуваме високи стандарди за фестивалско искуство и се разбира секогаш ќе представуваме некои нови пиварници.

како се развива тамошната пивска сцена, имаш ли поддршка од државните власти, постои ли меѓусебна соработка меѓу производителите и продавачите те дистрибутерите.

-Хрватската пивска сцена ја пратам од почетокот, значи кога го отворивме првиот шоп немавме можност да имаме ниту еден хрватски бренд на полиците, денес после 4 години некаде се околу 35 етикети. Се развива многумина од hombreweryte сакаат да отворат свои пиварници и тоа е добро. Според последните статистички податоци лани независните пиварници зграбчија 2 % од пазарот и тоа за мене е одличен и речиси неверојатен успех. Тоа што јас се надевам дека и пиварите малку ќе се опуштат и на пазарот ќе се пуштат и малку похрабри изданија. за да не останеме само на Pale Ale и можеби по некој Портер. Како што реков крафтот е креативност и тоа се бара од нив.

 

според тебе која е поентата на пивските фестивали кои се множат и ги има премногу бендови или локални брендови?

-Ние како МЦБФ секогаш во прв план како најголеми ѕвезди на нашиот фестивал ги ставаме пиварниците. Се разбира дека е потребна и забава но првенствено пивото е во прв план. и ако можам да ги парафразирам Куд Идијоти: MI SMO OVDJE SAMO ZBOG PIVA!!!  а времето ќе покаже. сметам дека крафт фестивалот мора да биде и едукациски и да има цел создавање на нови обожаватели на вистинско пиво.

култура на пиење пиво, ако до пред 10 години тоа се сведуваше само на освежување, и предрасуди, дали денес со оваа ревулиција почна поинаку да се гледа на пивото како пијалок?

-Ако земеме дека постојат повеќе од 700 стилови на пиво мислам дека сврстувањето на пивото само како освежување е одлично обработена маркетиншка кампања на индустријата. Пивото го поврзаа со националниот набој, фудбалот и било како спорт што според мене нема смисла. нашата основна цел е да го вратиме пивото на фамилијарната маса за време на неделниот ручек..

 

за вкусови не се разговара но постои ли правило за спарување на одреден тип на пиво со храна и колку во хрватска се внимава и на тој аспект?

Се разбира дека постојат стилови на пиво кои одговараат на посебни видови на храна и мислам дека во неколку зборови не е возможно тоа да го објаснам. Она што постојано го потенцираме е како што се вели во Хрватска тоа се вели спарување на храна и пиво. за оваа година во склопот на МЦБФ организираме неколку работилници на таа тема. каде што некои од најпознатите шефови во хрватска ќе се потрудат да подготват некои идеални комбианции.

планираш ли да започнеш со свој пивски бренд? како ја црпиш инспирацијата за името на брендот и пиварницата и имаш ли идеја што би било тоа?

Иако веќе неколку години сум домашен пивар и доста често кога имам време варам свое пиво, одлучив да не влегувам во тој дел од бизнисот и во потполност да се посветам на прмовирањето на пивото и пивската култура… Но никогаш не вели никогаш …

Ја следиш ли македонската пивска сцена и што мислиш за истата ќе не биде или не?

-најискрено не сум многу запознает со тоа што се случува во Македонија во тој сегмент знам з анекои проби или пабови, но искрено се надевам дека многу бргу во Македонија ќе ја зафати крафт револуцијата.

Во моментов си во организација на вториот фестивал на занаетчиски пива, објасни ни за концептот за разлика од минатата година, проширување, можност за учество на регионални производители, и услови за учество.

-MCBF веќе во своето прво издание постави некои стандарди кои ние како организатори никако не сакаме да ги спуштиме. овогодишното издание по концептот е сличен како и минатогодишниот со една голема разлика уште повеќе независни пиварници. уште повеќе пиво работилници и секако добра забава пред се. единсвени сме фестивал во Хрватска кој има за можност да биде домаќин на некои од најзначајните светски имиња на пивската сцена. само тоа дека оваа година имаме пиварници од 12 европски земји е доволен знак дека сите заинтересирани се добредојдени и Медулин сигурно нема да ги изневери

 

со успех и се надевам на идна успешна соработка